Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави телефонски разговори со украинските и руските претседатели, Володимир Зеленски и Владимир Путин, закажани за понеделник, 30 мај, информираат од Дирекцијата за комуникации на претседателската администрација на Турција, пишува Укринформ.
„Веруваме дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши во мир што е можно поскоро, но се чини дека ситуацијата секој ден се влошува. Во понеделник ќе имам телефонски разговори и со Русија и со Украина“, рече Ердоган.
Според него, Турција ќе продолжи да ги „охрабрува страните да се водат по канали на дијалог и дипломатија“.
На почетокот на мај, Зеленски рече дека првиот чекор кон продолжување на разговорите со Русија ќе биде Русија да ги повлече своите трупи на позициите од 24 февруари 2022 година, денот кога започна целосната инвазија.
Пред неколку дена, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека, и покрај јавните изјави на руското раководство, ништо не сигнализира подготвеност на Русија за преговори; фактите покажуваат дека рускиот претседател е решен понатаму да води војна.
подготви: Д.Мишев