ВЕСТ НА ДЕНОТ
ЕСМ и Адора се договорија за закуп на топланите
Државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и Адора се договорија за закуп на топланите, со што ЕСМ зимава ќе го преземе снабдувањето на потрошувачите од Скопје со топлинска енергија но се уште не се знае дали ќе работат на мазут, гас или дизел.
Договор беше постигнат денеска со сопственикот на топланите „Исток“ и „Запад“, компанијата „Адора инженеринг“, за државно изнајмување на топланите претстојнава грејна сезона
Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година, според премиерот Ковачевски, ЕСМ ќе и плаќа 390.000 евра годишно на Адора, која е сопственик на топланите.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Лурман: Земјите од Западен Балкан да инвестираат во обновливи извори на енергија
„Руската агресија врз Украина јасно покажа дека Русија не е доверлив партнер, а кога станува збор за снабдување со енергија, тоа јасно значи дека мора да ја забрзаме нашата транзиција кон обновливи извори на енергија, да ја забрзаме нашата транзиција од фосилни горива, затоа што моменталните кризи што ги гледаме се поради тоа што сите сме толку многу зависни од гас, од јаглен, а цените на овие фосилни горива експлоатираат на светските пазари и единствениот одговор на ова е да се инвестира во обновливи извори на енергија. Ние планираме да бидеме 100 проценти на обновливи извори на енергија во Германија до 2030 година, така што го забрзуваме овој процес сега со низа закони што ги имаме донесено во изминатите неколку месеци. А особено, олеснување на граѓаните за инсталирање на соларни панели на нивните кровови и така натаму, а ние цврсто веруваме дека една високо индустријализирана земја како што е Германија, може 100 проценти да се потпре на обновливи извори на енергии“, изјави Ана Лурман, германската министерка за клима во Европа, на прашање од ЦИВИЛ Медиа потребните промени во однос на зелената агенда на Западен Балкан и Европа, по денешната конференција „Зелена агенда за Западен Балкан“, во организација на Институтот „Аспен“, Германија.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Еден цивил е убиен во руското гранатирање на регионот Доњецк во изминатиот ден. Покрај тоа, четири тела на цивили беа пронајдени за време на процедурите за ексхумација во ослободениот град Свјатохирск, објави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.
*
Украинската армија изведува прилично брзо и моќно напредување на југот на земјата како дел од сегашната одбранбена операција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во ново видео обраќање.
*
Околу 700.000 луѓе ја напуштиле Руската Федерација од „делумната“мобилизација објавена на 21 септември, пишува порталот Форбс на руски јазик, додека други извори ја наведуваат бројката уште поголема, околу милион.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИФИМЕС Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана, Словенија, подготви анализа за актуелната политичка ситуација во Западен Балкан по повод неодамна одржаниот самит на лидерите на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ во Белград. Од опсежната анализа „Отворен Балкан 2022: Инструмент за справување со кризи – зима 2022/23“, ги издвојуваме најважните и најинтересните делови.
ЕКОНОМИЈА Енергетиката и инфраструктурата, поддршката на инвеститорите во слободните економски зони, пазарот на труд, како и царинските и даночните прашања, беа теми на тркалезната маса што ја организира Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија заедно со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Советот на странски инвеститори и Американската стопанска комора АмЧам.
ИНТЕГРАЦИИ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска е во дводневна работна посета на Стразбург, по повод одржувањето на 20-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ.
Д. Тахири