ЦИВИЛ Медиа упати прашање до канцеларијата на ЕУ, дали Северна Македонија е мета на влијанија од антизападни центри на моќта, и во што се состојат тие влијанија.
Според нив, вообичаено е во меѓународните односи да се зборува за натпреварувачки сили кои што бараат начини да ги искористат тешките ситуации за да го зголемат нивното влијание и да протуркаат различни визии за земјата, честопати правејќи го тоа преку дезинформации и лажни вести.
„Северна Македонија не е исклучена од овој феномен, но ЕУ смета дека земјата и со зборови и со дела, ја покажа својата цврста приврзаност кон исполнување на евроатлантските амбиции на своите граѓани. Не очекуваме дека нарушувачките напори на конкурентските влијанија ќе направат значителен напредок“, изјавија за ЦИВИЛ МЕДИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Д. Т.