• Latest

Евакуација на граѓани во поплавените подрачја во централна Грција

September 9, 2023

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Евакуација на граѓани во поплавените подрачја во централна Грција

September 9, 2023 11:22
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во близина на градовите Кардица, Трикала и Лариса продолжува акцијата за спасување и пренесување на безбедни локации на граѓаните заглавени во објекти во поплавените подрачја, а и денеска вниманието е насочено кон реката Пиниос во поширокиот регион на Лариса која е надојдена и во одредени делови веќе има излевања, јави дописничката на МИА од Атина.

Во невремето „Даниел“ што од вторникот ја зафати Грција, животот го загубија десет лица, официјално, според надлежниот министер, четворица се исчезнати, а спасени се над 2.000 граѓани.

Цели области во подрачните единици Кардица и Трикала се под вода и кал, а онаму каде што водата се повлече веќе се видливи штетите, кои се чини дека се особено големи во селата во општина Паламас

Одредени села сѐ уште се без вода и струја, а од општините започна со дистрибуција на вода за пиење, лекови и храна.

Спасувачките тимови од противпожарната служба и армијата продолжуваат со чамци и булдожери да ги евакуираат луѓето заглавени во поплавените села, додека пак евакуираните се префрлаат во згради на општините и во училиштата, а голем е бројот на оние кои ноќта ја поминаа таму, откако вчера беа извлечени од нивните поплавени домови.

Во Лариса, постои страв од можно, целосно излевање на реката Пиниос, бидејќи според грчките медиуми, нивото на водата е десет метри.

Токму поради поплавите во близина на Лариса од ноќеска е привремено затворен дел од автопатот од Солун кон Атина пред Катерини, а возилата се пренасочуваат кон автопатот Егнатија.

Tags: Грцијаевакуацијапоплави
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ