Градското собрание во Подгорица вечерва е евакуирано заради закана за бомба.
Сите вработени биле евакуирани, а на терен се наоѓаат полициски и екипи на брза помош, објави РТЦГ.
Во тек е проверка од страна на антитерористички тимови.
Сообраќајот е во прекинат, а полицијата го пренасочува сообраќајот.
Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ напиша на Фејсбук дека „сè е во ред“.
Се надевам дека полицијата ќе ги идентификува одговорните. Ние ќе ја информираме јавноста навремено за сите детали… , истакна Вуковиќ.