• Latest

Прес на ЦИВИЛ, 14:30: Евиденција на гласачите, хаос во Избирачкиот список, некоректни набљудувачи…

September 30, 2018

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прес на ЦИВИЛ, 14:30: Евиденција на гласачите, хаос во Избирачкиот список, некоректни набљудувачи…

September 30, 2018 15:39
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Извештај на ЦИВИЛ од набљудувањето на референдумот до 14 часот.

На третата денешна прес-конференција на ЦИВИЛ се презентираа дел од обработените извештаи од теренот до 14 часот. И понатаму се бројни примерите на некоректно однесување на дел од набљудувачите и на гласачите кои не можат да се најдат на Избирачкиот список. Покрај грешки во процедурата, има и пријави за евидентирање и снимање на гласачите од групи кои се наоѓаат во близина на избирачките места.

На Избирачкото место 1644, општина Ресен, домашен набљудувач вршел евиденција на гласачите и не сакал да се претстави од која организација е назначен.

На Избирачкото место 997 во Куманово, граѓанка-пензионерка која 25 години живее на иста адреса, сега ја нема на Избирачкиот список.

И на тоа ИМ, Избирачкиот одбор ги чита имињата на граѓаните на глас. Ги потсетуваме дека тоа е против стандардите и законот. На тој начин се нарушува тајноста на гласањето.

Во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип на Избирачкото место 2292, дошла граѓанка со оштетен вид и сакала да гласа со придружба, односно со нејзиниот син. Не ѝ било дозволено да гласа со член од семејството и бил повикан следниот граѓанин. Не ѝ била понудена ни Брајова азбука, иако тоа право е обезбедено уште од минатите, локални избори.

Во Противпожарниот дом во село Црешево, ИМ 2548, во општина Гази Баба, три лица на списоци ги запишуваат гласачите пред избирачките места.

Во основното училите „Миѓени“ во Тетово, на ИМ 1949, лица во ходникот на училиштето ги запишуваат гласачите на списоци.

На Избирачкиот список на ова ИМ имало и едно починато лице.

Во Техничко училиште „Наце Буѓони“, во Куманово на ИМ 1065, еден гласач го нема на Избирачкиот список, иако тврди дека на електронската проверка бил на списокот. Од Избирачкиот одбор го пратиле гласачот во полиција, а од полиција во ОИК.

Во ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, една граѓанка ја нема во Избирачкиот список.

Во училиштето „Наим Фрашери“ во Општина Тетово пет лица ги нема на Избирачкиот список.

Во Штип, во месноста „Три Чешми“, заменик-член на Избирачкиот одбор коментирал дека референдумското прашање нема врска со името, а со другиот член на ИО коментирале кој граѓанин има шанси да излезе и да гласа а кој не. Коментирале и дека ова е залудно трошење пари на граѓаните.

Инаку, избирачките места 2284 и 2289 се во една просторија, зашто ИМ 2289 е преместено од село Сушево. Присутни се сите членови на избирачките одбори од двете избирачки места.

Во училиштето „Ванчо Прке“ во Штип, на ИМ 2295, имало прекин на гласањето поради тоа што набљудувачка се претставила дека е од СДСМ, иако на акридитацијата пишувало домашен набљудувач. Откако членови на ОИК дошле на гласачкото место, набљудувачката си заминала и гласањето продолжило.

На гласачкото место 2300 во Штип, еден гласач на набљудувачката на ЦИВИЛ и пријавил дека гласал без да го скенирааат со УВ ламбата.

Во основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, повеќе граѓани ги нема на Избирачки список.

Гласач се обидел да се фотографира пред ОУ „Владо Тасевски“ во Скопје,  при што бил опоменат од полицијата со зборовите: „Не се секирај господине се е евидентирано“.

Во ОУ „Лазо Ангеловски“, во Аеродром на ИМ 2708 се случил инцидент пред или во дворот на училиштето. Младо момче на возраст од околу 20-тина години направил инцидент, фрлал лименки и извикувал погрдни зборови, по што бил приведен од полицијата.

На избирачкото место 2176 во Биро за вработување во Велес, набљудувач на Здружение за граѓански политики и иницијативи ЕДУЛСЈ се појавил видливо алкохолизиран на избирачкото место и им додевал на гласачите, на набљудувачите и на Избирачкиот одбор.

Tags: мониторингнерегуларностипресЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ