• Latest
Photo by Jason Leung on Unsplash

Европски ден на жртвите на криминал од омраза, ЦИВИЛ со осуда на говорот на омразата, Буњаку од „Шкупи“ повика на достоинствено навивање, битка со пожарот во Малешевијата

July 22, 2022
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Европски ден на жртвите на криминал од омраза, ЦИВИЛ со осуда на говорот на омразата, Буњаку од „Шкупи“ повика на достоинствено навивање, битка со пожарот во Малешевијата

July 22, 2022 18:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Photo by Jason Leung on Unsplash

Photo by Jason Leung on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Не за говорот и дела од омраза – Европски ден на жртвите на криминал од омраза

Европски ден на жртвите на криминал од омраза, 22 јули, прогласен од Советот на Европа. Во знак на сеќавање и во чест на 77 недолжни лица што на овој ден во 2011 година ги загубија животите во бруталниот напад во младинскиот камп Утоја во Норвешка. Целта на овој датум е да се воспостави како ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да им се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, за спроведување на законот и за подигнување на јавната свест со цел да се осудат и да се спречат таквите кривични дела.

Говор на омраза, расна дискриминација, вербална пресметка со неистомисленици, односно жртвите на криминалот од омраза во Северна Македонија, особено, во контекст на пристапните преговор на земјата за членство во ЕУ,  ги има сè повеќе.

ЦИВИЛ се надоврзува на оваа порака на Буњаку со најостра осуда на говорот на омразата, ширењето на етничката омраза и повиците на насилство и смрт, како на спротските наптревари, така и во сите сегменти во нашето оптествено и политичко делување.

ЦИВИЛ ги повикува сите чинители во општеството да кажат НЕ на говорот на омраза кој може да доведе до дел ода омраза.

ЦИВИЛ апелира до надлежните органи да стават крај на говорот на омраза и соодветно да ги санкционираат ваквите наративи како и злосторствата што може да произлезат од говорот на омраза.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Директорот на ФК „Шкупи“, Буњаку со порака за фер и достоинствено навивање без говор на омраза

Го осудуваме, како клуб, говорот на омраза и недоличното скандирање што се случи на трибините за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Динамо Загреб“ и ФК „Шкупи“ кој се одигра на 19 јули во Загреб на стадионот „Максимир“, вели Омер Буњаку, директор на ФК „Шкупи“, во изјава за ЦИВИЛ Медиа.

„Ги повикувам сите граѓани, особено нашите навивачи („Шверцери“) да дојдат на 26 јули (вторник) да нè поддржат како клуб, да ги поддржат фудбалерите, бидејќи сепак фудбалот се игра за публиката, и ги замолувам да навиваат фер и коректно како што бара и УЕФА.

Навивањето со говор на омраза не е добро, тоа не ги мотивира фудбалерите да играат подобро, напротив. Таквото навивање е лошо за сите, сепак сите сме граѓани од кожа, крв и коски, и сите сме исти. Ние како клуб сме познати по мултиетничкиот состав, имаме фудбалери од сите етнички заедници. И уште еднаш ги замолувам навивачите тоа што се случи таму (во Загреб) да не се повтори тука (во Скопје), додаде Буњаку.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Воени злосторства во Украина

Од 22 јули, украинските службеници за спроведување на законот регистрирале 36.383 руски злосторства извршени од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, пренесува Укринформ.

„Конкретно, регистрирани се 24.632 злосторства на агресија и воени злосторства, од кои 23.721 злосторства поврзани со кршење на законите и обичаите на војната, 73 – планирање, подготовка или започнување и водење на војна за агресија, 21 – пропаганда на војна, и 817 други кривични дела“, објави на Фејсбук рес-службата на Јавното обвинителство.

Турција и Русија потпишуваат договор за извоз на жито

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и претставници на Русија и на Украина денес во Истанбул ќе потпишат договор за извоз на жито.

Договорот е според планот на Обединети нации за да се деблокира извозот на украинско жито преку Црно Море и да и се дозволи на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво. Тоа би можело да ја намали глобалната криза во храна поради што се зголемија цените на житото и други житни култури.

Зеленски: Старо-нова лажна руска пропаганда дека наводно сум на интензивна нега

Наспроти позадината на таквата редовна воено-политичка и дипломатска активност, беше малку чудно да се слушне денес за мене старо-нова лажен руска пропаганда. Дека наводно сум на одделение за интензивна нега, дека Руслан Стефанчук наводно ги извршува должностите шеф на државата, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЖАР Спречено ширењето на пожарот во малешевскиот крај, на терен 110 луѓе и 17 возила, Стари суви трупци го отежнуваат целосното локализирање на пожарот.

ЕКОНОМИЈА За директни мерки како директна поддршка, Министерство за финансии е при крај на дизајнирање на нов пакет мерки во соработка со Стопанските комори. Согласно можностите кои ги има државата, мерките ќе бидат таргетирани за ранливите групи на граѓани кои имаат најголема потреба за помош. Таква поддршка ќе има и најверојатно ќе почне да се реализира од септември, изјави министер за економија Бектеши на денешнат средба со новинарите.

СОБРАНИЕ Средба на Џафери со дел од лидерите на владејачките партии, пратениците да ги откажат сите не неопходни патувања со цел непречена работа на Собранието

ГОВОР НА ОМРАЗА

Шиковска: Сите пратеници го потпишале етичкиот кодекс, и така треба да се однесуваат

Ви благодарам на поканата да бидам дел од овој панел. Ова за мене е прв пратенички мандат, и во однос на францускиот предлог од страна на Европската унија работите беа доста расплинети, се дискутираше, се дебатираше во парламентот, се говореше се и сешто, за жал, и по етничка припадност, и во однос на политичката припадност, но добро е што сето тоа го пребродивме, и сега на некој начин одиме понатака, вели пратеничката Љатифе Шиковска на панелот на ЦИВИЛ „Етничкиот говор на омраза на собраниската говорница“.

Рамчиловиќ: Говорот на омраза на пратениците не е „безопасно камче“, туку може да се „претвори во бомба“

Говорот на омраза од собраниската говорница може да се „претвори во бомба“ што е сериозна закана за меѓуетничките односи, истакна пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, на дебатата „Етничката омраза од собраниската говорница“.

БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ И ПРОПАГАНДАТА

Дерала: Пропагандата успева преку поттикнување сомнеж во институциите, државата, другите заедници

На панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Слонот во собата“, што е дел од серијата настани „Зад димната завеса“, а која се одржа на 21 јули 2022 година, учествуваше и Џабир Дерала. Тој повлече една невообичаена паралела меѓу пропагандата и убиствената тактика на снајперистите.

Би сакал да направам една малку морбидна паралела со правилото со кое се носи секој снајперист. Снајперистот, никогаш кога има мета, кога сака да постигна голема летална моќ, односно, неговата работа како снајперист кој сака да постигне голем број жртви, а не само еден, ако сака да онеспособи еден сектор од боиштето, тој не ја убива својата жртва, вели Џабир Дерала на панелот на ЦИВИЛ  на тема „Слонот во собата“, што се одржа на 21 јули 2022 година.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Повикот за референдум што го упати ВМРО-ДПМНЕ (и ним блиските) покажува колку се тие антимакедонска, ултранационалистичка, антизападна и проруска инсталација. Ништо друго“ – пишува Џабир Дерала во својата денешна колумна „Наместо во запрежната кола на Мицкоски, на брзата лента на автопатот кон Европа. Европа – здај!“.

„Добро е на автопатот кон ЕУ да возиме по најбрзата лента, наместо да се клацкаме во запрежната кола на вмро, на спореден колски пат кој не води никаде“ – напиша Дерала.

„Од вчера ни најавија скенирање на состојбите кај нас. Барам да најдам пристоен превод од англискиот и излезе дека тоа ти значело откривање, а во некои контексти и чистење. Ако е точен преводот, кај нас во општеството има доста работа и во откривањето на затскриените работи, а уште повеќе во чистењето на добар дел од откриените состојби и појави“ – пишува Војо Маневски во колумната „Женски јазик“.

Д. Тахири 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ