• Latest

Европски фронт во „битка“ за легитимитетот – Меџити: Претставата заврши, дојде време да се спушти завесата

June 3, 2024
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Европски фронт во „битка“ за легитимитетот – Меџити: Претставата заврши, дојде време да се спушти завесата

June 3, 2024 13:20
in ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тетово вчера коалицијата „Европски фронт“ усвои политичка декларација за етнички изборен легитимитет, за која беше посочено дека ќе биде испратена до сите релевантни домашни и меѓународни институции.

Декларацијата ја потпишаа сите партии кои го сочинуваат „Европски фронт“, а по обраќањето на сите лидери на партиите, декларацијата ја прочита претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по што со кревање рака едногласно беше усвоена.

Главни пораки од политичката декларација

Во образложението на декларацијата беше посочено дека случувањата и чекорите по парламентарните и претседателските избори на 8 мај 2024 година, го доведуваат во прашање духот на Охридскиот договор. Според нив, резултат на тоа е враќање на познатата политика „раздели па владеј“.

„Го повторуваме нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на Северна Македонија и нашата посветеност за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат. Ја наведуваме неопходноста од спроведување на консензуалната демократија во согласност со духот на Охридскиот договор и Уставот на Република Северна Македонија.

Повторуваме дека владините коалициски партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, како и легитимните претставници на другите заедници, изразени на слободни, фер и демократски избори, во формата на обичајното право имплементирана во нашата земја кое овозможува легитимност, функционална демократија, социјална кохезија, консензуалност и правична застапеност во носењето одлуки.

Затоа, демократијата кај нас може да биде функционална и стабилна само кога мнозинската заедница ги почитува легитимните претставници на политичката волја на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници, се наведува во декларацијата.

Заканувачки пораки поради мајоризација

Општиот имунитет што го гарантира опстанокот на Македонија е процесот на интеграција. Ако се загрози овој процес, ниту една терапија не може да го спаси пациентот – изјави првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, нагласувајќи дека Македонија е единствената земја на Балканот по 90-тите, која останала неповредливи на својата територија и граница. Според Тачи, тоа не се случило случајно, туку се случило пред се со големиот компромис на Албанците.

Според Зиадин Села од Алијанса за албанците, оспорувањето на легитимитетот почнало од предизборната кампања, каде што политичките лидери, како што вели, „трубеле“ со антиалбанизам. Нивниот план, според Села, бил да ја прекршат пресудата на албанскиот народ и другите заедници.

Од друга страна, лидерот на Движењето „Попули“ Скендер Реџепи, во име на Европскиот фронт, ги демантираше најавите од коалицијата ВЛЕН дека дел од пратениците на овој фронт ќе се приклучат на новото мнозинство.

Аријанит Хоџа од Европската демократска партија истакна дека Европскиот фронт ќе застане зад заштитата на гласовите на граѓаните и легитимитетот, додавајќи дека Охридскиот договор е склучен во 2001 година и секое дејствување надвор од тој договор ја нарушува стабилноста и политиката во државата.

Највоздржан беше лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој рече дека треба да се зголеми вниманието во која насока го загрозуваме договорот постигнат со жртви и крв, додавајќи дека политичката изјава ќе биде упатена до сите домашни институции, но и до меѓународните центри.

Меџити: Претставата заврши, дојде време да се спушти завесата

Еден од лидерите на ВЛЕН Изет Меџити преку Фејсбук статус му порача на  Европскиот фронт дека претставата заврши, дојде време да се спушти завесата.

„Драмата во режија на Али Ахмети  која се прикажа во Тетово е само демонстрација на страв од губење на привилегиите со кои некогаш се збогатуваа, а сега се обидуваат да го заштитат богатството создадено со наши пари, додека обичниот граѓанин едвај го врзува почетокот со крајот на месецот.

Го разбирам нивниот очај: 20 години живееја на сметка на народот и се богатеа со парите на граѓаните! Тие имаат една цел: очајно да го заштитат  губењето на власта, нивните фотелји и семејни бизниси, цел камуфлирана со патриотизам и фолклоризам“, се вели во објавата на Меџити на Феjсбук, со став дека одговорност ќе има и системот ќе биде ослобен од корумпираната каста.

Алиу: Европски Фронт со говори налик на 90-тите години

Универзитетскиот професор Мурат Алиу исто така преку Фејсбук ги опиша говорите на лидерите на Европскиот фронт како говори со националистички тонови од 90-тите.

Тој вели дека Европскиот фронт ќе ја продолжи битката за прашањето за албанскиот легитимитет што го претендира .


„Тоа значи дека дискурсот за „недостиг на легитимитет“ ќе биде товар за ВЛЕН во следниот период. Во овој случај, ВЛЕН има само еден пат: со квалификуван кадар да докаже добро владеење. Во спротивно, тешко дека ќе го преживеат дискурсот каде ВЛЕН е претставен како „вазал“ на ВМРО. Од друга страна, она што ДУИ не сака да го направи е да се соочи со самата себе. Да не направи самокритика, значи да не кажува ниту еден збор за сета таа корупција и кражба се показател за нивната главна грижа“, пишува Алиу.

Во Собранието денеска ќе се одржи првата координација на претседателот на Собранието Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница.

Собранието треба да ги донесе законските измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови.

Исто така, и измените на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри.

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

 Н. Абдурахмани

Tags: ВЛЕНевропски фронт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ