• Latest
Фото: ПЕРИ Груп

Европското обвинителство започна истрага за злоупотреба на ЕУ фондови во Бугарија

April 2, 2024

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европското обвинителство започна истрага за злоупотреба на ЕУ фондови во Бугарија

April 2, 2024 11:05
in ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Фото: ПЕРИ Груп

Фото: ПЕРИ Груп

Share on FacebookShare on Twitter

Европското јавно обвинителство соопшти дека неговата канцеларија во Софија започнала истрага со цел да собере евентуални докази во врска со сомнежите за проневера и злоупотреба на средства од фондови на ЕУ и за перење пари поврзани со изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во Бугарија, тунелот „Железница“ на автопатот „Струма“ во реонот на Благоевград, пренесува МИА.

Обвинителството информира дека истрагата е покрената по сознанија добиени од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС) дека една од компаниите што е дел од конзорциумот кој го градеше тунелот, е осомничена за неколку кривични дела, вклучувајќи проневера, злоупотреба на фондовите на ЕУ и перење пари.

Според Обвинителството, постојат сомнежи дека посочената компанија во многу краток период извршила неколку фиктивни трансфери во износ од над 5,6 милиони евра на сметки на фантомски фирми, кои потоа биле повлечени како готовина од лица со криминално досие. Овие фирми и поединци се опфатени и со друга тековна истрага на Европското обвинителство во врска со инфраструктурни проекти во железничкиот сектор.

Во рамки на истрагата извршени се претреси во шест фирми и четири приватни станбени објекти во два бугарски окрузи.

Автопатот „Струма“, проект кофинансиран од Европскиот кохезивен фонд во рамки на Програмата за транспорт и транспортна инфраструктура за периодот 2014-2020 година, го градеше конзорциум од три компании. При изградбата на изведувачот му биле исплатени речиси 95,6 милиони евра од кои 85 отсто потекнувале од фондовите на ЕУ.

– Во тек се истраги за утврдување на природата и обемот на наводните криминални активности, информира Европското јавно обвинителство.

Изградбата на тунелот „Железница“ траеше повеќе од пет години и заедно со околната инфраструктура чинеше 215 милиони евра. Тунелот беше отворен за сообраќај на 20 февруари. Автопатот „Струма“ го поврзува Солун со „Дунавскиот мост 2“ на границата меѓу Бугарија и Романија.

Конзорциумот што го градеше автопатот беше избран од една од поранешните Влади на Бојко Борисов.

Tags: БугаријаЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ