Ниту вториот круг од локалните избори не помина без обидите за фотографирање на гласачките ливчиња, како доказ дека гласачите заокружиле како што треба и за кого треба.
И додека некои под притисок ги испраќаат фотографиите до нарачателите, други фалбаџиски јавно ги објавуваат на социјалните мрежи.
Набљудувачка на ЦИВИЛ, во неделата, 29 октомври, на социјалната платформа Инстаграм, забележала фотографија со фотографирано гласачко ливче од симпатизер на ДУИ.
И покрај тоа што и во овој круг голем број случаи беа пријавени во полиција, а неколку обиди за фотографирање биле спречени од Избирачките одбори, сепак пријавени и се сериозен број на случаи каде избирачките одбори се однесувале како ништо да не се случува.
Биљана Јордановска