„Речиси половина од граѓан(к)ите (42,1%) успеваат да ги задоволат само основните месечни потреби за храна и сметки, а 28, 1% немаат доволно средства да ги покријат ниту основните потреби!“, покажуваат резултатите од последната анкета на институтот за економски истражувања „Фајненс тинк“ од Скопје.
Анкетата го мери и степенот на задоволување на општествените и социјалните потреби.
Податоците од анкетата покажуваат дека 34% од граѓан(к)ите не можат да задоволат ниту една од општествено-социјалните потреби. 69% од испитаниците немаат доволно средства да одат на одмор еднаш годишно, 68% од анкетираните немаат пари да посетат кино или театар еднаш месечно, а повеќе од половина (59%) не можат да си дозволат да јадат во ресторан еднаш во месецот!
Повеќе од 70% од граѓан(к)ите немаат средства секојдневно да користат автомобил и да ја обноват својата гардероба во текот на месецот со нова облека и обувки!