• Latest

„Фантомската“ Аксиос 2017 се засилува со уште 221 набљудувач

October 29, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

„Фантомската“ Аксиос 2017 се засилува со уште 221 набљудувач

October 29, 2021 21:31
in ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница одобри уште 347 акредитации за набљудување на вториот круг од локалните избори. Во нив, меѓу другото, е вклучено дополнување на уште 221 набљудувач од „Аксиос 2017“ и дополнување на 125 набљудувачи од “Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце“, извести Радио Слободна Европа на македонски. Со ова, „Аксиос 2017“ ќе ја достигне бројката од околу 800 набљудувачи.

ЦИВИЛ Медиа веќе објави два дела од истражување за оваа организација, за која не може да се најде речиси никаков јавен податок. Организацијата нема веб страница, ниту пак лица кои комуницираат со јавноста, ниту пак спроведени јавни активности. За нивните набљудувачки наоди во првиот круг немаше известување, ниту соопштенија.

Според податоците на Централен регистар, седиштето на оваа организација е во населбата Хиподром во општина Гази Баба, а како цели на организацијата се наведени:

„Развој и промоција на туризмот, промоција и заштита на културното наследство, поттикнување на меѓугранична соработка, одржлив развој, заштита на животната средина, промоција и заштита на човековите слободи и права“.

Прилично хетерогено портфолио и области на дејствување, но ни на интернет, ниту во медиумите не може да се најде ништо за активностите на организацијата во овие области.

Како сопственик на организацијата е наведено лицето Ѓоко Стојчевски, а како овластено лице Димитар Пеовски, со адреса идентична со онаа на организацијата. Но, ниту за овие две имиња не може да се најдат никакви јавни податоци за активности во посочените области на дејствување.

Да потсетиме, набљудувачите на ЦИВИЛ имаа непријатно искуство со оваа организација на претходните избори во 2020, кога, според извештајот, набљудувач на АКСИОС 2017, тогашен претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, им рекол на набљудувачите на ЦИВИЛ и МОСТ дека не треба да бидат на избирачкото место, бидејќи биле „партиски“.

Освен тоа, зачудува тоа што оваа организација, освен предизборно набљудување, објавува предизборни анкети со нејасна методологија, што е во спротивност со добрите практики за професионално и непристрасно изборно граѓанско набљудување.

По објавениот прв дел на ова истражување, пристигнаа и одговор на прашањата упатени од ЦИВИЛ Медиа до оваа организација, објавени во вториот дел од сторијата, и тоа токму од е-маил адресата која што е наведена од АКСИОС 2017 во Централен регистар, а не од таа што се користи на јавниот повик за овие избори. Тоа потврдува дека информациите на ЦИВИЛ Медиа за оваа организација биле точни.

Ги прашавме АКСИОС за најавените 800 набљудувачи, прилично обемна операција која изискува значајни финансии. Прашавме кој го финансира изборното набљудување на АКСИОС 2017, дали и кога организацијата извршила обука на набљудувачите кои ќе бидат распоредени по гласачките места на изборите? Воедно, прашавме зошто немаат веб-страница и јавно достапни податоци за работата и дали планираат да отворат веб страница, за да може јавноста да ги запознае.

За анкетите, бидејќи нема достапни податоци, прашавме кои се раководители и кои истражувачи се ангажирани за подготовка на методологијата и обработка на резултатите, а бидејќи во двете објави за резултати од анкетите на АКСИОС 2017 недостасува податок за начинот на кој се анкетирани испитаниците (теренска анкета, телефонска анкета итн.), прашавме и за методологијата.

Но, во одговорот што пристигна од АКСИОС 2017 не е одговорен најголем дел од прашањата, туку е повторено она што оваа организација го лиферуваше во јавноста како дел од неколкуте соопштенија.

„Граѓанската организација АКСИОС 2017 Скопје ќе ги набљудува претстојните локални избори со приближно 500 набљудувачи-волонтери кои доброволно се пријавија на јавниот повик објавен на 16.09.2021 на ФБ страната “ИЗЛЕЗИ ДА ГЛАСАШ”.

Генерално се работи за искусни набљудувачи кои во повеќе изборни циклуси биле дел од нашата набљудувачка мисија. Овој пат, не е организирана класична обука поради актуелната Ковид криза, но на истите им се доставени најнови брошури и упатства од државната изборна комисија.

Граѓанската организација АКСИОС 2017 Скопје, во изминатиов период ги информираше медиумите за сите тековни и планирани активности, а ќе продолжи и понатаму со редовна комуникација со истите и за сите активности навремено и редовно ќе биде информирана јавноста“, се вели во одговорот на АКСИОС 2017 до ЦИВИЛ Медиа на 15 октомври 2021.

Во одговорот, не се одговорени прашањата за тоа кој го финансира изборното набљудување на АКСИОС 2017 и зошто за нивната работа нема податоци на интернет, што е законска обврска за секоја граѓанска организација. Не добивме одговор ниту за тоа кои се раководителите и истражувачите на организацијата, ниту пак за методологијата на анкетата. Организацијата во нејзиниот одговор признава дека не направила обука на изборните набљудувачи.

Да потсетиме, сосем е поинаква праксата на граѓанските организации што со години го набљудуваат овој процес. Златко Димитриоски од Граѓанската асоцијација МОСТ посочи дека транспарентноста и отчетноста на набљудувачките организации во однос на активностите и финансирањето е особено важна.

„Се разбира, редовно и прецизно информирање за наодите, како и доставување на транспарентни информации за поддржувачите на проектот“, истакна Димитриовски за ЦИВИЛ Медиа.

800 необучени набљудувачи на фантомска организација, без јавни податоци, ќе ги набљудуваат изборите на 31 октомври. ДИК овој пат одлучи сите набљудувачи да добијат легитимации кои немаат имиња и презимиња. Која е целта на овие набљудувачки „засилувања“, ќе се види на изборниот ден.

Петрит Сарачини

 


ИСТРАЖУВАЊЕ: Аксиос 2017, „фантом“ организација набљудува избори и прави анкети, а никој не знае ништо за нив?

ИСТРАЖУВАЊЕ (2 дел): АКСИОС 2017, ем „фантомски“ набљудувачи, ем анкетари ?!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ