• Latest

Фатон Алити, ПДП: ВМРО-ДПМНЕ сака нови избори со нивна контрола врз институциите!

January 15, 2017
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Фатон Алити, ПДП: ВМРО-ДПМНЕ сака нови избори со нивна контрола врз институциите!

January 15, 2017 13:43
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Комбинаториките, односно, математиките дозволуваат сé! Меѓутоа, ако се има предвид државата, а не власта, ако се имаат предвид државните интереси, тогаш мислам дека треба да се потенцира, да се стави акцент на изнаоѓање на начин на реоспособување на институциите. Затоа што сметам дека ние немаме институционална криза, ние сме пред колапс на државните институции! Со ваква реторика, со ваква, можам слободно да кажам, политика во последниве десет години, не мислам дека може да се подобрат условите и очигледно е дека ни се неопходни промени“, изјави во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, лидерот на Партијата за демократски просперитет, Фатон Алити.

„Неопходна ни е промена на пристапот кон решавањето на различните проблеми, како нефункционалноста на институциите. Судејќи по она што е кажано и изјавено, па и на одреден начин направено, мислам дека е неопходна промена на власта. ДУИ е еден од елементите кои се посочуваат дека во внатрешната организација имаат индивидуи кои можеби се инкриминирани, но сепак, бројките покажуваат дека без ДУИ не може да има влада. Доколку тие одлучат да не влезат во составот на владата, тоа би значело нови избори коишто мислам дека не се многу добра опција, затоа што тие избори би биле организирани од институции што се целосно контролирани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и мислам дека во таков случај би имале непожелни резултати“, смета Алити.

ЦИВИЛ Медиа: ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое категорично стои на ставот дека не може да ги прифати барањата од Платформата на трите албански партии…

АЛИТИ: Па добро, тие така сметаат. Всушност, тие прават еден спин кога велат дека употребата на албанскиот јазик на целата територија ќе доведе до задолжително учење на јазикот и федерализација, што едноставно, не е така. Тоа би значело дека секој државен орган, во било кој дел од Македонија, каде некој граѓанин би се обратил на албански, да може да му се одговори на истиот јазик. Што не гледам дека е некој голем проблем. Меѓутоа, тоа намерно се проблематизира од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ знае дека тоа не е така, знае дека тоа не значи задолжително учење и слично… И тоа, токму поради фактот што сметам дека тие не сакаат да формираат влада. Тие сакаат нови избори, со нивна контрола на институциите. Затоа е таква нивната реторика. Инаку, и тие не се убедени дека тоа е така.

ЦИВИЛ Медиа: Како ПДП гледа на можна коалиција на ДУИ со СДСМ?

АЛИТИ: Па, нема друга опција. Или, ДУИ и СДСМ, плус Алијансата или Беса, затоа што ДУИ и СДСМ заедно немаат 61 пратеник, или нови избори. Јас не гледам друга опција. Навивам за првата, не поради тоа што ние сме некаков дел, ние не сме дел од ниту една опција. Сметам дека секогаш треба да се има предвид државата и граѓаните, а не власта. Ако сме одговорни за државата, мислам дека најдобрата опција и за одглавување на веќе заглавените евро-атлантски процеси е СДСМ и ДУИ плус некој трет, па зошто не и четврти…

 

Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БесавладаВМРО-ДПМНЕДУИКоалицијаколапс на институциитенови избориПДПплатформа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ