• Latest

Филипче: Добро се одвива процесот на имунизација против Ковид-19, согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени

April 23, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Добро се одвива процесот на имунизација против Ковид-19, согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени

April 23, 2021 11:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на имунизација против Ковид-19 на територијата на целата држава се одвива добро. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk. Околу 150 илјади граѓани во овој момент се пријавени и тоа ќе биде начинот на кој ќе го продолжиме процесот на имунизација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во сите пунктови од вакцината на „Астра Зенека“ останати се околу 5000 дози и како дополнување на тоа околу 5000 дози од количината од вакцината на „Фајзер“ која веќе пристигна во земјата, ќе бидат дистрибуирани како надополнување за да се одвива процесот на вакцинација во следниот период. Со оваа количина денеска и некоја количина од 150 до 200 дози, појасни, практично целосно се искористува вакцината на „Спутник“.

– Околу половина од количините 1000 се искористени од вакцината на „Синофарм“ која стигна како донација од Обединетите Арапски Емирати. Добивме листа од компанијата „Фајзер“ со која ни беше презентиран распоредот со кој ќе стигнуваат останатите количини во мај. Секој понеделник меѓу 5000 и 7000 вакцини, околу 26 000 се предвидени да стигнат во текот на целокупниот месец и тоа ќе биде една количина која ќе испланираме како ќе биде дистрибуирана ширум државата, рече Филипче.

Тој потенцира дека со целокупната количина од 200 000 дози на вакцината „Синофарм“ која треба да стигне околу 28 април, а за што е подготвен планот и дистрибуцијата согласно бројот на пријавени граѓани на сајтот vakcinacija.mk , која веднаш по пристигнувањето, а тоа ќе се преклопи со велигденските празници, ќе биде дистрибуирана ширум државата.

– Вакцинацијата со таа вакцина ќе почне во вторник непосредно по завршување на велигденските празници. Дотогаш сите спортски и училишни сали во сите шест градови ќе бидат подготвени. Салата во Охрид е веќе подготвена. До понеделник односно вторник и сите останати во останатите градови во Штип, во Куманово, во Битола, во Тетово и во Кавадарци ќе бидат спремни и опремени и со потребните фрижидери и опрема и со кадар од соодветните здравствени домови за да вакцинацијата започне согласно распоредот, истакна Филипче во салата „Борис Трајковски“ каде денеска како дел од вработените во критичната инфраструктура се вакцинираат пратениците во Собранието и дел од стручните служби кои не се вакцинираа претходниот пат.

– Ќе ја примат вакцината на „Спутник“ и денеска во три групи е организиран процесот на вакцинација и паралелно на сето тоа во салата „Борис Трајковски“ се одвива вакцинацијата и на постарите граѓани над 73 години, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека нивниот став е дека согласно возраста ќе се вакцинираат сите кои се пријавени. – Знаат и членовите на здруженијата со оглед на тоа што имаат огромна бројка на граѓани кои имаат хронични болести и нашиот став е дека ќе одиме според возраста, односно како ќе стигне големата количина на вакцини. Затоа апелирам и да се пријават согласно пријавувањето ќе се вакцинираат практично после велигденските празници кога ќе стигне оваа значајна голема количина од вакцината на „Синофарм“, посочи Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа со која вакцина да се вакцинираат граѓаните со алергии рече дека во мај на располагање во пунктовите насекаде во државата ќе има повеќе вакцини.

– Засега нема ниту една контраиндикација за ниту една група на граѓани, освен за граѓаните помлади од 60 години за вакцината на Астра Зенека, тоа е нешто што веќе го објавивме и нема друга контраиндикација за ниту една здравствена состојба. Меѓутоа, и пунктовите се така организирани да граѓаните се пречекани од здравствени работници коишто земаат анамнеза и разговараат за здравствената состојба. Значи нека никаква контраиндикација за некаква претходна состојба за која било вакцина која што очекуваме да стигне во нашата земја. Но, може да се поразговара, лекарите се токму за тоа тука, потенцира Филипче.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ