• Latest

Филипче: Користиме германски тестови за Ковид 19, масовно тестирање може да ја искриви сликата

March 24, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Користиме германски тестови за Ковид 19, масовно тестирање може да ја искриви сликата

March 24, 2020 18:38
in КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Сите тестови за Ковид 19 се унифицирани, имаат исклучително висока сензитивност,  но за жал ниту еден тест не е 100 проценти тоен. Тестовите што  се користат кај нас се германски и има протокол кој мора да го задоволи тестот за да се користи во лабораториите за вакви цели, рече министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Како што дополни, за жал, починатата пацинетка од Куманово, спаѓа во тој исклучително мал процент на случаи во кои тестот не го детектира вирусот. Правевме проверка и во однос на правилното земање на брисот со оглед на тоа  што кај секој тест се прави контрола  дали содржи ДНК на пациентката и тоа е потврдено, што значи дека за жал спаѓа во тој многу мал процент на тестови за таа сенизитивност што за жал  не е 100 проценти и не го дава точниот резултат, наведе Филипче.

Комисијата за заразни болести, информираше, секојдневно дискутира за масовен скрининг.

-Ние практично спроведуваме една форма на масовен скрининг. Кога зборуваме за масовен скрининг, за пристап кон пациентите, за начинот на тестирање, во овие тестови  кои се со исклучително висока сензитивност од над 99 проценти, кои што зборуваме и ги имаме, тоа се тестови  на кои се детектира присуство на вирусот, се индицира тогаш кога има епидемиолошки податок заради тоа што сметаме, како и многу други земји, дека доколку се индицира и таму каде има постор за грешка, практично ќе добиеме лажни негативни  резултати, што пак целосно ќе ја искриви сликата, рече Филипче.

Тој дополни дека постојат и тестови  што ги анализират антителата, односно  не го детектираат вирусот туку утврдуваат дали некој го прележал.

– Тие се со уште помал степен на сензитивност, од 80 проценти, што сметам дека во услови кога сме спровеле вака  строги мерки за изолација, карантин, итн.. немаат цел да се спроведат. Тоа го смета и Комисијата за заразни болести. Тоа би било идентификација евентуално на пациенти кои ја прележале болеста  дали на нога или во сосем лесна форма, меѓутоа затоа што не се сензитивни во висок  процент сметаме дека нема да ги дадат точните податоци односно дека има исклучително голем процент на грешка што може да не води  во погрешна насока. Формата на масовно тестирање како што ние сега спроведуваме е по строга епидемилолошка анкета, со задолжителен карантин и самоизолација и тестирање на сите  примарни или секундарни контакти од висок ризик што впрочем се прави. Тоа го правиме од самиот почеток, рече Филипче.

Министерот за здравство повтори дека нема никаква цел да се тестира пацинет кој е потенцијално во период во кој трае инкубацијата на болеста заради тоа што теоретски резултатот може да е негативен до 13-от ден, а да биде позитивен на 14-от ден. Затоа, посочи, комбинацијата на строги мерки на самоизолација, прекин на сите контакти и тестирање откако  ќе помине периодот на инкубација е најсоодветно за најточни и најпрецизни резултати досега. – Никој не правел скрининг, масовно тестирање на целото население. Со 100 процентна сигурност тоа не постои, тоа е нешто што често дава и грешни резултати потенцираше Филипче.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ