• Latest

Филипче: Наградувањето на матичните лекари е добра мерка, засега ќе нема задолжително вакцинирање

December 1, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Наградувањето на матичните лекари е добра мерка, засега ќе нема задолжително вакцинирање

December 1, 2021 13:07
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Финансискиот еднократен надомест од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив ќе им биде даден на крајот на пролетта и почетокот на летото следната година, врз основа на постигнатите резултати, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филпче откако Владата вчера на 112-та седница ја донесе оваа одлука за да се стимулира вакцинирањето во државава.

– Матичните лекари се тие што имаат директен и прв контакт со пациентите и комуникацијата е честа со нив за лекарска услуга, совет итн. И во таа смисла, сметам дека мерката е добро димензионирана и дека реално може да се спроведе. Секако, матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот со вакцинација, рече Филипче, додавајќи дека мерката е значајна и за државата и  здравствемиот систем.

Посочи дека некаде најголем број прикрепени пациенти што ги има некој матичен лекар е околу 2500, а просекот е околу илјада, така што, рече, сумата за надомест не треба да се занемари.

– Има различни степени на опфат кај различни матични лекари, кај некои во некои градови дури е веќе  постигнат процентот и  70 отсто од прикпрепените пациенти веќе се вакцинирани. Сметам дека ова е мерка на која матичните лекари треба да стават акцент и во интензивна комуникација со пациентите да ја пуштат пораката за важноста на вакцинацијата, рече Филипче по прес-конференцијата на Здружението на луѓето што живеат со ХИВ.

Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор затоа што заклучиле дека тоа отвора многу сериозни прашања во врска со казнувањето на тие што нема да прифатат вакцинирање, а од друга страна, рече, е и голем финансики товар.

Одредено време ќе се согледува дали ќе помогнат апелите од матични лекари,  но, рече министерот, дополнителна мерка во некоја форма вакцината да биде задолжителна не е исклучена, согласно со искуствата и примерите  кои ќе ги даваат други земји  во периодот што доаѓа.

-Некои земји размислуваат и за таа мерка, но мислам дека е се уште рано.  Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинациаја во следниот период со оваа мерка за матичните келари. Спремни сме да носиме и други препораки. Мислам дека, генерално во Европа, ова е нешто што ќе се менува. Некои земји размислуваат вакцинацијата биде задолжителна, но очигледно се уште е рано и потребна е комуникација со граѓаните. Гледано низ призмата на здравствениот систем, најпрактичен механизам ни се матичните лекари, истакна Филипче.

Во врска со загриженоста на компаниите од затворања доколку меѓу нивните вработени се рашири делта сојот или новиот сој омикрон, Филипче одговори дека не би требало да биде опција рестрикција во движење односно карантин сега кога, како што рече, имаме речиси 50 отсто опфат на вакцинирани.

-Но, не знаеме што може да се случи. Затоа е битно да се зголеми опфатот преку ваков тип апели. Од друга страна, што ќе се случи со работници кои не можат да го издржат финансискиот товар, а не сакаат да се вакцинираат. Тоа значи дека истите тие компании ќе треба тие работници да ги отпуштат. Затоа се потребни апели, дури и во големи претпријатија работодавците да апелираат нивните вработени да се вакцинираат, додаде Филипче.

На прашање дали делта сојот е влезен во земјава, одговори дека групата материјали селектирани за секвенционирање ќе заврши во петок и резултатите од секвенционирањето на речиси 50 такви брисеви ќе бидат познати идната недела.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ