Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, oдговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово.
-Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потврдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче на прес-конференција во Клиничкиот центар каде ги соопшти бројките за најновата состојба со КОВИД во државава.
Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Ова, рече Филипче, е новата мерка што ќе се воведе најверојатно идниот месец. За други рестрикции засега не се размислува.
Бројката на новодијагностицирани со КОВИД во моментов е слична на онаа од изминатите денови, а нема ниту зголемен број хопспитализирани деца. Дали ќе се менува нешто во школскиот модел, ќе се знае откако ќе биде готова експертската анализа.
Резултатите од анализата за опфатот на вакцинацијата и возрасната група на дијагностицирани, се очекуваат во сабота и ќе бидат идникатор и за тоа дали евентуално ќе се предложат дополнителни мерки. Потоа, во недела или понеделник, се очекува состанок на надлежните.
-Единствено нешто на што засега размислуваме е да биде дозволен влез со целосна имунизација таму каде што досега се бараше една доза вакцина. Но, ќе оставиме доволно време, две или три недели, за граѓаните, затоа и најверојатно оваа мерка ќе се воведе во октомври. За задолжителна вакцинација е се уште рано, но не ја исклучувам можноста. Некои земји можеби идната година ќе воведат и таква мерка, но засега граѓаните треба да се свесни и да одговорат на апелите да се вакцинираат, зашто тоа е единствен начин за бробра против пандемијата, истакна Филипче, потенцирајќи и дека токму каде што е најголем опфатот со вакцинацијата, Охрид, Ресен, Вевчани, Неготино, Кавадарци, најмал е притисокот врз болниците, а онаму каде што има најмалку вакцинирани, како во Тетово и Гостивар, притисокот е огромен.
Филипче нагласи дека целта е да се донесат одлуки врз основа на аргументи, да се потрвди за квква специфична ситуација по региони станува збор. Децата, рече, се трансимитери, но родителите се заштитени ако се вакцнирани.
Министерот уште еднаш апелира граѓаните да се вакцинираат зашто опфатот е се уште мал. Тој забележа дека по секое воведување на нова мерка, интерсот за имунизација расте, но потоа, по извесно време, се намалува.
-Изминативе неколку дена отприлика ист е бројот на новодијагностицирани, 500 – 600. Тешко е да се каже дали оваа бројка ќе бележи пад. Вакцинацијата добро се спроведува на сите пунктови. Последните денови има намалување на интересот и е околу 2.000. Вкупно се вакцинирани 767.000 граѓани.
Вирусот се шири и има тешка форма меѓу невакцинираните, над 90 отсто од сите починати се невакцинирани и од вкупнодијагностицираните 30.000 граѓани од 6 – 16 септември 21 процент се вакцинирани. Апелирам граѓаните да се вакцнириаат, се уште е мал опфатот. Потребен е многу поголем процент за да постигнеме целосен имунитет и да се смени сликата со пандемијата, Вакцинирани се 46 проценти над 18 години, и 37 проценти од целокупниот број на население се вакцинирани. Најмалку вакцинирани има во Тетово и Гостивар, изјави министерот.
Во изминатите десетина дена бројот на слободни кревети во Скопје е константен, 30 на интерните клиники, три одделенија се ангажирани, а другите работат нормално.
-Се намалува бројот на пациенти во државава. Се прави детална анализа за да знаеме дали после ова не очекува нов бран или ќе продолжи трендот на намалување. Од тоа ќе знаеме дали ќе предложиме нови мерки, рече Филипче.