• Latest

Филипче: Не бегам од одговорност, но ќе чекам да заврши истрагата

September 9, 2021
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Не бегам од одговорност, но ќе чекам да заврши истрагата

September 9, 2021 19:44
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е тажен ден за нашата земја и огромна трагедија којашто не потресе сите нас и изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите во овој настан, изјави доцна попладнево министерот за здравство Венко Филипче во врска пожарот кој синоќа се случи во модуларната болница во Тетово, а во кој животот го загубија 14 лица.

– Длабоко ме потресе она што се случи во Тетово и од вчера и во текот на целата ноќ целокупните капацитети на Министерството, но и на сите други институции се целосно мобилизирани за што побрзо да се утврдат причините за оваа трагедија. Во моментов сè уште трае истрагата и затоа замолувам да имаме трпение и да ги почекаме сите официјални наоди, рече Филипче.

Тој информира дека на денешната владина седница донеле одлука на нашите експерти во истрагата да им се приклучат експерти од странство.

– Ова го правиме со цел спроведување на независна и темелна истрага. Како министер и пред сè како човек барам сите наоди уредно да бидат презентирани во јавноста. Од одговорност никој нема да биде изземен доколку истрагата тоа го утврди, потенцира Филипче.

Тој соопшти дека во ковид-центарот во Тетово за време на, како што рече, овој стравотен настан биле хоспитализирани 26 пациенти. Медицинскиот персонал бил составен од лекари и медицински сестри, двајца лекари и четири медицински сестри.

– Дванаесет пациенти кои се евакуирани безбедни од ковид-центарот во моментот се хоспитализирани во болницата во Тетово и тие се во стабилна здравствена состојба, немаат последици од пожарот. Нема повредени, ниту починати здравствени работници. На Институтот за судска медицина се предадени телата на 14 пациенти, за дел од нив е завршена обдукцијата, дел се одвива во текот на целиот ден. Починатите се на возраст од 29 до 79 години. Освен класичните обдукциски наоди, ќе се прават и анализи на ДНК за што се информирани и членовите на семејствата на пациентите, извести министерот за здравство.

Тој посочи дека целокупната документација за набавка и поставување на модуларните болници, вклучително и таа во Тетово, покажува дека при реализација на ваквите проекти, кои се поддржани од Светска банка, се запазени строгите стандарди и постапки.

– Истрагата исто така треба да утврди дали и на кој начин по предавање на објектот во употреба во тетовската болница, истиот бил одржуван и раководен, рече Филипче, додавајќи дека Министерството активно ќе соработува со истражните органи и апелираше тоа да го направат и сите други институции, со цел точно да се утврди што се случило.

– Што се однесува до самите болници нивниот квалитет нашиот интерен увид покажа дека сите вградени материјали имаат сертификат, АТЕСТ за електрична, водоводна и канализациска инсталација. За појаснување, тоа значи дека сè што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со атестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница, рече Филипче.

Тој посочи дека по завршување на сите постапки, сите надзори и техничкиот прием модуларниот центар се примопредава на болницата во градот за понатамошно управување и одржување на објектот.

– Апелирам до граѓаните и медиумите да не создаваат паника и недоверба кон самите ковид-центри коишто значеа и сè уште значат многу за хоспитализација и спасување на животи во оваа ковид криза. Вакви објекти се користат на многу места во светот. Пожари и несреќи се случуваат и овие трагедии можат да бидат предизвикани од многу фактори, вели тој и апелира да се почека резултатот од истрагата и да не се прејудицира.

Тој се осврна на повиците за негова оставка.

– Дозволете да кажам дека од одговорност ниту бегам, ниту ќе бегам. Но, ќе инсистирам и ќе чекам да заврши истрагата поради тоа што и овој период има потреба од менаџирање на дел од кризата, посебно околу пациентите во Тетово, сето тоа што значи процес на завршување на обдукциските наоди и дека апсолутно по завршувањето на истрагата ќе ја донесам оваа одлука за тоа дали ќе поднесам оставка. Навистина е тешко да се опише со зборови тежината и болката којашто ја чувствувам, навистина сочувствувам со членовите на семејствата на сите загинати, меѓутоа ќе ги чекам официјалните наоди на истрагата, рече Филипче, кој додаде дека не бега ниту од одговорноста во однос на наодите на истрагата, ниту пак од моралниот момент. – Сепак треба да видиме дали и каде тоа ќе се дефинира како точка на одговорност на кое било ниво во целокупниот овој менаџмент, потенцира Филипче.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ