На почетокот на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче, ја прикажа епидемиолошката слика на Ковид-19 во земјата и одлуките на Комисијата за заразни болести.
„Заклучокот е дека сегашната мерка, важечка рестрикција за движење по 22 часот, треба да остане иста, дека нема да се надополнува и дека дефинитивните резултати ги очекуваме кон краот на оваа недела. До тогаш сме максимално спремни да ги менаџираме сите други активности… Во таа смисла дополнителни рестрикции, доколку треба, по состанокот на Комисијата за заразни болести што би се одржал на почетокот на следната недела “, изјави Филипче.
Б. Ј.