„Сметам дека сега не е време за екслузивитет, не е време за сензационализам“, истакна министерот за здравство Венко Филипче, алудирајќи на разните информации во последните два дена што се лиферуваат за бројот на ззаболените, за нови локации со заболени… Филипче истакна дека на дневна основа се собираат сите информации од Институтот за јавно здравје каде што работат епидемиолозите и од лабараторијата во Иститутот за јавно здравје.
„Редовно и точно ја информираме јавноста. Ова го правиме од привот ден и така ќе продолжиме… Информираме тогаш кога ќе бидат потврден точниот број на позитивни, односно негативни тестови. Сметаме дека ова не време за ексклузивитет и дека тука нема време и место за сензационализам. Бројот на заразени пациенти ќе продолжи да расне. Тоа ние го очекувавме. Тоа се најавите и од сите земји каде што е во развој бројот на пациенти и болеста“, истакна министерот на прес конференцијата во 15 часот.