Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес – конференција изјави дека за 24 часа има 89 нови случаи на позитивни на коронавирусот.
Има 17 оздравени и 7 починати од Ковид -19. Филипче вели дека имаме 2.315 дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјата, а 606 се активни случаи.
„Нема пациенти на механичка вентилација“, рече министерот.
Утринава на Комисијата за заразни болести се анализирани податоците за две недели.
„Поголем дел се со лесна клиничка слика, кои можат да се лекуваат во домашни услови или еден сосема добар дел се асимптоматски случаи. Добар дел од пациентите остануваат дома и ни дава за право да кажеме дека здравствениот систем, добро ќе се справи со овој бран“, изјави Филипче.
Тој истакна дека повеќето нови заразени се од познати кластери од Чаир и Сарај, а се анкетираат луѓе во Студеничани и за нив утре ќе има податоци.
Mинистерот повторно се пожали на слаба соработка со граѓаните и нагласи дека се размислува за рестриктивни мерки кои би се спровеле локално.