• Latest

Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено, за тоа ќе се разговара следната недела

May 14, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Рано е да се тргнат маските на отворено, за тоа ќе се разговара следната недела

May 14, 2021 13:47
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство вели дека сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено и најави дека за тоа ќе се разговара на почетокот на следната недела на состанок на Комисијата за заразни болести.

-Засега не. На состанокот што ќе се одржи во понеделник таа тема што ја инициравме на почетокот на оваа недела ќе продолжи. Да ги видиме сознанијата, ставовите на повеќе други земји, да согледаме каква е ситуацијата кај нас. Еве реално е дека многу граѓани навистина и во парковите не се придржуваат до таа мерка. Лично сметам дека е рано се уште. Сепак е потребен поголем опфат со вакцинација, меѓутоа во исто време треба мерката да има логика, топло време итн, изјави министерот Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека прво треба да се тргне препораката за носење маски на отворено, па евентуално да се размислува за тоа вакцинираните со две дози да не носат маски на затворено. Притоа рече, треба да се слуша ставот на експертите.

-Мислам дека тоа би можело да следи, ама не можам да кажам кога точно временски би било како препорака, прво да се тргне обврската за носење маски на отворено, односно да важи само тогаш кога има групирање на луѓето и да се прифатат барањата на угостителите, има логика да се зголеми бројот на гости  на масите. Меѓутоа сè уште сметам дека е рано да се препорача тргање на маските на затворено. Лично сметам, ќе го слушнеме ставот на експертите епидемиолози и останатите во КЗБ , други кои не се членови на Комисијата дека таа препорака треба да остане и понатаму, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој прашан за тоа кој е доминантен сој на корона вирусот во земјава истакна дека тоа е британскиот, иако, како што истакна имало и случаи на други соеви, но тие биле изолирани.

-Дефинитивно доминантен е британскиот сој на вирус. Очигледно е дека има други поединечни случаи, заради тоа што имаше детекција на јужноафрикански сој кај граѓанин од Делчево кој бил заразен во месец март. Тој бил човек патувал и во западноевропски земји, бил возач на камион. Но, тоа ни укажува дека поединечните случаи од очигледно други вируси што биле присутни, сепак се само поединечни и нема тенденција некој сој на вирусот значајно да предоминира над британскиот. За да предоминира некој сој како што британскиот збриша се претходно кога се појави, треба да биде многу полесно пренослив од тој што е актуелен. Очигледно е нема таква тенденција, рече министерот за здравство.

Според него, сознанијата од сите анализи и до сега се дека ниту јужноафриканскиот сој, ниту бразилскиот, по карактеристика не можат да го надминат да доминира над британскиот сој. Тоа, вели, ни дава за право да мислиме и да веруваме дека дефинитивно овој бран стивна без разлика што очигледно има поединечни заболени од друг сој на вирусот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ