• Latest

Филипче: Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети за заболените

October 26, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Се подготвуваат дополнителни болнички капацитети за заболените

October 26, 2020 14:22
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

„Се соочуваме со силен бран на Ковид-19, ситуација која ги оптоварува сите сегменти на здравствениот систем. Во модуларната болница до Инфективната клиника има слободни кревети. Направивме план за обезбедување дополнителни болнички капацитети, прво болницта во Козле, каде има 40 кревети, каде има кадар засилен со колеги од Инфективната клиника. Уште две одделенија се подготвуваат во ГОБ „8 Септември“ со кадарот кој работи таму, а до крајот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде подготвен и тој дел. Исполнети се болничките инфективни одделенија во другите градови“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, заедно со претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.

Филипче додаде дека на денешната седница на Владата е ставена информација со која ќе се овласти Министерството за здравство да го потпише и посебниот договор преку заедничкиот рамковен договор со ЕУ за набавка на лекот „Ремдесивир“ и освен преку СЗО тој од следниот период ќе биде достапен и преку оваа набавка. За многу кратко време, посочи Филипче, очекуваме по потпишување на договорот да стигне во земјава.

„Се обезбедија дополнителни капацитети и број на тестови во повеќе институции. Граѓаните мора да покажат поголема свесност и да ги почитуваат мерките. Изутрината имавме состанок со Комисијата за заразни болести, а после тоа и со Штабот. Во среда закажавме состанок со сите 56 прватни интернисти во државата, кои имаат договор со Фондот, од кои половината се во Скопје, за да може да се вклучат во системот на дежурства во сите болници каде се лекуваат заболените од Ковид-19“, додаде Филипче.

Министерот изјави дека огромен процент од пациентите со Ковид-19 се со коморбидитети, односно со тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време и посочи и дека сериозен процент на пациентите доаѓаат доцна во болницата со веќе многу тешка манифестација на болеста.

„Се заврши анализата, дел од податоците беа соопштени и од Инфективната клиника, огромен процент од пациентите се со коморбидитети, значи тешка форма на некоја друга хронична болест од која биле лекувани навистина долго време. Понатаму еден сериозен процент на пациенти кои навистина доцна доаѓаат во болница со веќе многу тешка манифестација на болеста, и тоа е тренд што не прати од почетокот“, изјави министерот.

Филипче додаде дека има пациенти кои починале од друга сериозна хронична болест, но сепак биле дополнително заболени и од Ковид-19.

„Ние останавме доследни на тоа што го правиме од почетокот, а тоа е објавување на сите пациенти кои и покрај тоа што имале сериозна хронична болест, и покрај тоа што и таа можеби била директна причина за смртта, сепак биле дополнително заболени и од Ковид-19, и е битно за да имаме реална епидемиолошка состојба и слика во земјава. Ние ги регистрираме и објавуваме сите случаи на заболени од претхондите 24 часа,. Можеби еден или двајца случаи можат од еден да преминат во друг ден ако резултатот од тестот не е стигнат или некој сличен технички проблем во однос на документацијата, меѓутоа бројката е таа“, посочи Филипче.

На новинарско прашања во однос на идни мерки кои би се преземале, Караџовски истакна дека размислува три чекори пред Владата.

„На хартија имам ставено опција А, Б, Ц, Д. Некогаш кажувам дека имаме црно сценарио. Во моментов предложените мерките е крајно време да се усвојат, имаме состојба слична на полициски час. Не се предаваме сега, имаме време за тоа. Никој од нас не се радува да донесе таква одлука. Ќе се наруши психичкото здравје на луѓето, се ремети социјалниот живот“, истакна Караџовски.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ