• Latest

Филипче: Во повеќе општини зависниците терапијата ќе ја примаат пред лекар

July 23, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипче: Во повеќе општини зависниците терапијата ќе ја примаат пред лекар

Министерот за здравство посочи дека ова е договорено во текот на вчерашната негова средба со градоначалниците на Гази Баба и на Кисела Вода, Борис Георгиевски и Филип Темелковски, директорот на Психијатриската болница Скопје, Ќамил Ковачи, претставници на општините Аеродром и Карпош, поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски и здруженија на граѓани, со кои направиле добра координација, ги слушнале и европските искуства, кои смета дека може да се имплементираат кај нас.

July 23, 2019 11:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Опремување на повеќе пунктови низ Скопје со што бројот на зависници од Центарот во Кисела Вода, кој изнесува над 500, би се дисперзирал низ повеќе места во градот и на тој начин нема да има проблематични случаи, ниту проблем за жителите, затоа што пациентите ќе ја примаат терапијата пред лекар, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За почеток има подготвени пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, во Ченто и во Карпош во болницата во Бардовци, а се планира нивно отворање и во Ѓорче Петров, Чаир и Шуто Оризари.

Посочи дека ова е договорено во текот на вчерашната негова средба со градоначалниците на Гази Баба и на Кисела Вода, Борис Георгиевски и Филип Темелковски, директорот на Психијатриската болница Скопје, Ќамил Ковачи, претставници на општините Аеродром и Карпош, поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски и здруженија на граѓани, со кои направиле добра координација, ги слушнале и европските искуства, кои смета дека може да се имплементираат кај нас.

– Значи развиваме европски модели и ќе работиме заедно со општините и граѓанските организации со цел нивно имплементирање. Во исто време ќе работиме со локалното население, за да им укажеме дека сликата која сега ја имаат не е вистинската и таа која ќе биде ако се случи дисперзијата, заради тоа што концентрацијата на огромен број случаи, над 500 пациенти кои се лекуваат во Кисела Вода, е главниот проблем. Со помал број пациенти на повеќе места едноставно нема да има проблем во однос на медицинскиот отпад, заради тоа што нема да биде расфрлан како што е сега заради огромниот број пациенти, ниту ќе има проблематични случаи, бидејќи покрај медицинскиот третман ќе има и психосоцијална поддршка, рече Филипче.

Појасни дека проблемот со Центарот за зависници во Кисела Вода трае многу долго, повеќе од 20 години. Еден од главните проблеми потенцирани после затворањето на овој центар во рамки на Клиничкиот центар пред две години, потенцира, е големиот број зависници кои таму се лекуваат.

– Тоа создава една хаотична ситуација во која тие не може да добијат соодветен медицински третман и отвора можности за злоупотреба на препаратите кои таму ги добиваат. Тоа е сликата која кај нас е создадена во однос на третманот на овие пациенти кои доколку би биле третирани на соодветен начин во мала бројка на повеќе места воопшто нема да изгледа така. Постои Центар за третман на зависници во ГОБ „8 Септември“ и таму не сме слушнале за никаков проблем и таму има училишта, градинки. Со оглед на тоа што е мала бројка, тие пациенти не доаѓаат секој ден, ја примаат терапијата пред лекарите и на тој начин прво соодветно се лекуваат и второ се елиминира можноста за злоупотреба, истакна Филипче.

Целта на дисперзијата, посочи, е да покажеме дека секој има право на соодветен пристап кон здравствена заштита и соодветен нејзин квалитет. Додаде дека тоа се наши сограѓани, пријатели, соседи, секој има право да добие третман блиску до местото живеење, но на соодветен начин и тие таков план подготвуваат.

Во врска со тоа дали се размислува за обезбедување на центрите рече дека разговал и со министерот за внатрешни работи и е цврсто убеден дека нема да има потреба за тоа.

– ВО ГОБ „8 Сетември“ се случува истиот процес на лекување, како и во Кисела Вода, меѓутоа во ГОБ има 60-тина пациенти, а во Кисела Вода над 500, додаде министерот Филипче.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ