• Latest

Филипче: Задолжително најмалку една вакцина или ПЦР тест за вработените во јавниот сектор

November 17, 2021
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Задолжително најмалку една вакцина или ПЦР тест за вработените во јавниот сектор

November 17, 2021 11:05
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да и предложи на Владата, сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа при одење на работното место да прикажат потврда за примена најмалку една примена вакцина или ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Вработените треба да прикажат или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена, или пак потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат а тоа се оние ретки имунолошки состојби.

–Препорачуваме во овие мерки да се приклучат и приватните компании. Веќе имаме на некој начин потврда, очекуваме дека ќе може да се приклучат, со оглед на тоа што од Сојузот на стопански комори стигна едно писмо со слични барања, а се со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата, изјави денеска Филипче по состанокот на Комисијата.

Уште една мерка е и препораката вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.  

Филипче напомена дека предлог е овие мерки да стапат на сила десет дена откако ќе ги усвои Владата за граѓаните да имаат временски период да се вакцинираат, а период од 30 дена да дадат на оние 20 до 30 проценти здравствени работници, кои во овој момент се уште не се уште вакцинирани.  

Како што рече, ќе бараат и да се ажурира процесот на контрола од страна на сите инспекторати и МВР.

-Имаме електронски алатки, не се само хартиените сертификати, туку европските сертификати може да се „данлаудираат“ на сите граѓани кои користат таков тип на мобилни телефони и на апликација која што го прикажува соодветниот код и има апликација што ја контролира валидноста на тој код, што значи дека се елиминира можноста да имаме фалсификувани сертификати. Апликациите ги има и во системот на гугл и во системот на ајфон, рече министерот за здравство.

Тој смета дека ова е една мерка со која значајно ќе се зголеми опфатот со вакцинација.

Филипче додаде дека после мини пикот од неколку дена кога се наполниле сите активни ковид центри во Скопје, во моментов ситуацијата делумно спласна. Но, како што рече, пред нас е зимска сезона, сезона на грипови и настинки.

-Има пациенти кои заболуваат и од други сериозни болести, мора да мислиме и на нив, не може да се занимаваме само со КОВИД и не може да правиме само КОВИД-центри, мора болниците да работат и за другите болести, за другите пациенти. Оваа мерка верувам дека ќе го зголеми опфатот со вакцинација и дефинитивно ќе се намали бројот на заболени од КОВИД.

Во овој момент, посочи Филипче, болниците ги оптоваруваат пациентите кои се заболени од КОВИД, а се невакцинирани. Тие се некаде близу 80 проценти од вкупниот број на КОВИД пациенти кои се лекуваат во нашите болнички установи.  

На новинарско прашање кој точно ќе ја прави таа верификација на вакциналниот сертификат или потврдата за ковид прележаност на влез во јавната самоуправа, Филипче рече дека ќе препорачат да има одговорно лице која ќе ја врши таа контрола.

-Ние ќе препорачаме да има одговорно лице, кое одговорниот во институцијата ќе го назначи да ја врши таа контрола на самиот влез во иснтитуцијата, и овие електронски алатки ќе овозможат тоа да биде брзо и сигурно, рече министерот за здравство.

Прашан дали кќе има итна владина седница за овие мерки, тој одговори дека новите мерки се однесуваат и на физичките и на правните лица кои треба да ги спроведуваат, а ќе ги дискутираат на следната владина седница.

Во однос на мерката за задолжително вакцинирање на сите здравствени работници, Филипче рече дека верува оти ќе има добар одзив, и сите здравствени работници ќе се вакцинираат.

-Јас верувам дека ќе има добар одзив и ќе прифатат да се вакцинираат сите. Во однос на ПЦР тест, тој треба да се прави еднаш неделно, и на тој начин се осигуруваме дека тие што не се вакцинирани се безбедни за околината во која што работат, рече Филипче.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ