• Latest

Филиповски на местото на Богоевски

May 23, 2019
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филиповски на местото на Богоевски

May 23, 2019 15:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По денешната оставка на пратеникот Павле Богоевски, неговото место ќе го заземе Александар Филиповски, откако ќе биде констатирана оставката на независниот пратеник од пратеничката листа на СДСМ.

Александар Филиповски е следниот на листата, на 17 место, кој не извршува некаква функција.

На листата во ИЕ1 од СДСМ и коалицијата на предвремените парламентарни избори во 2016-та се најдоа следните имиња:

  1. Стево Пендаровски
  2. Рената Дескоска
  3. Дамјан Манчевски
  4. Стефан Богоев
  5. Павле Богоевски
  6. Соња Мираковска
  7. Диме Велковски
  8. Татјана Прентовиќ
  9. Ивана Туфегџиќ
  10. Петар Атанасов
  11. Лилјана Поповска
  12. Никица Корубин
  13. Анета Симеска – Димоска
  14. Дарко Каевски
  15. Далибор Богдановски
  16. Снежана Калеска – Ванчева
  17. Александар Филиповски
  18. Енвер Хасиќ
  19. Михаела Иванова
  20. Љупчо Бошковиќ

Филиповски не е познат во јавноста и за него речиси и да нема никакви информации.

Павле Богоевски денеска си поднесе оставка поради скандалот со објавување на снимка во која тој наводно нарачува кокаин. Тој одлуката за оставка ја донел уште кога се самопријави во полициска станица за наводно купување на масло од канабис, а денеска ја изнесе во јавноста и пред пратенците на седницата на Комисијата за мандатно имутетни прашања каде требаше да се гласа за одземање на мандатот на пратеникот во бегство, Никола Груевски. Седницата беше прекината, а гласањето ќе се одложи за од понеделник.

Одлуката на пратеникот Павле Богоевски да даде оставка од пратеничката функција според премиерот Зоран Заев е храбра и  значи понесување одговорност, иако смета дека тој е добар пратеник и се надева на идна соработка со него.

„Тој е одличен партеник и е еден од симболите на Шарената револуција, а најголемиот симбол се сите наши граѓани секако. Ќе ми биде задоволство да продолжам со таков човек да работам, тоа мора да го кажам, затоа што знам овој парламентарен состав каква капацитетност покажа и донесе многу тешки одлуки. Знам како се димензионираа многу програмски определби, многу успеси на оваа земја во кои беше вграден пратеникот Павле Богоевски. Верувам, како и да одлучи, во кој сегмент од својот живот да работи ќе ми биде драго да соработувам со него. Затоа што си ја сака земјата до небото, сака да се вгради во нејзиниот успех и верувам дека ќе најдеме начин за идни соработки. Ја поздравувам одлуката која е храбра и понесување на одговорност дури и за етички работи за кои граѓаните од нас политичарите очекуваат да повлечеме и чекори“, рече Заев.

М. И.

фотографија од фејсбук профилот на Филиповски

Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ