• Latest

Филипче: Ќе се надмине проблемот со недостиг од лекови во аптеките

March 29, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Ќе се надмине проблемот со недостиг од лекови во аптеките

March 29, 2018 13:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„За одредено време ќе го смениме начинот на плаќаќање кон аптеките за лековите издадени на рецепт и сигурен сум дека проблемот со недостиг од лекови во аптеките во иднина нема да се случува.“

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека со Фондот за здравствено осигурување на Македонија активно работат, а проблемот го лоцираат во начинот на исплата на аптеките за што сега бараат соодветен начин да се коригира, кој ќе дозволи да се надмине тоа.

– Сега додека се уште важи постојниот начин на плаќање Фондот најде едно преодно решение за зголемување на квотите, а за кратко време кога ќе го утврдиме најдобриот начин наместо плаќање по рецепт ќе излеземе со официјални информации и ќе ја спроведеме мерката, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за намалувањето на цените на лековите.

Неопходно е на кутијата на лековите што ќе бидат предмет на паралелен увоз да се стават упатства за лекот што се наоѓа во кутијата, затоа што многу често се случува внатрешното упатство да се изгуби и пациентите да не знаат каков лек има во кутијата.

Ова се главните измени во делот на паралелниот увоз на лекови опфатени во Законот за лекови и медицински средства кои денеска ги образложи министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конфренцијата на која информираше за намалувањето на цената на лековите.

– Најзначајната промена која Законот досега не ја бараше, е тоа дека се бара сертификат (од производителот на лекот и од сертифицирана лабораторија од земјата која лекот го произведува или од наша соодветна лабораторија во земјава) за квалитет на лекот кој се увезува во нашата земја, истакна министерот Филипче.

Додаде дека има уште една промена во Законот во однос на тоа што и како може Агенцијата за лекови и медицински средства да прави постапки за набавка на лекови.


Извор: МИА

Tags: Венко Филипчездравстволековиувоз на лекови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ