• Latest
ЦИВИЛ, активизам во зимски услови, на улица во Штип, 11 јануари 2016

Финансиската поддршка е право, а не привилегија

March 22, 2018
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Финансиската поддршка е право, а не привилегија

March 22, 2018 14:28
in ОПШТЕСТВО
ЦИВИЛ, активизам во зимски услови, на улица во Штип, 11 јануари 2016

ЦИВИЛ, активизам во зимски услови, на улица во Штип, 11 јануари 2016

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанските организации во остварување на своите програмски определни и стратегии, често се соочуваат со сериозни финансиски предизвици. Финансиската нестабилност ги попречува во нивната работа и на специфичен начин им го ограничува правото на граѓанките и граѓаните активно да учествуваат во обликувањето на своите општества.

Едно од барањата опфатени во Граѓанската повелба – глобална рамка за граѓанско учество, е токму правото на финансиска поддршка. Поточно, односно граѓан(к)ите и нивните организации имаат право да побараат или да обезбедат финансиска поддршка од своите или од други земји.

Сепак, политиките на нивните држави и односите со другите земји влијаат и на односот на донаторите и на јавноста кон активистите и нивниот успех за реализација на заложбите за човековите права и слободи.

ЦИВИЛ е организација што во континуитет е во директна комуникација со граѓанките и граѓаните на терен и ги застапува човековите права и слободи низ цела Македонија.  Тоа подразбира потреба од поттикнување на активно граѓанство. Но, привлекува и медиумска видливост, внимание од власта, но и донаторската заедница.

Во изминатите години на режимот на Груевски, ЦИВИЛ се соочуваше и со негирање на правото за финансиска поддршка. Тешки клевети, дискредитација и црна кампања се водеше против организацијата токму поради искористувањето на правото за финансиска поддршка. Со други зборови, ЦИВИЛ и низа други организации се најдоа на црната листа на владата и институциите поради користење на ова право, гарантирано, како со домашното, така и со меѓународното право.

Еден од бројните примери е и оној во 2015 година, кога ЦИВИЛ беше мета на жестока црна кампања во ТВ Сител, која објави серија прилози со клевети и навреди кон организацијата и нејзините застапници. Во таа кампања, ЦИВИЛ беше јавно оцрнуван со тврдењата дека Фондацијата Отворено општество (Сорос) примил над 500.000 евра. ЦИВИЛ веднаш излезе со демант на прес-конференцијата на која се презентираше детален финансиски извештај, според кој директната финансиска поддршка за целиот период на постоење на организацијата е под 11.000 евра (околу 50 пати помалку отколку што тврдеше ТВ Сител).

Но, оваа не беше ни прв ни последен пат организацијата да биде подложена на вакви напади и дискредитирање во очите на јавноста за финансиската поддршка, што е неприкосновено право на организацијата и нејзините конституенти.

Инспекциите беа инструмент за притисок во рацете на режимот. Во 2013 година, ЦИВИЛ имаше финансиска инспекција со една цел – да се „ликвидира“ организацијата. Се разбира, таквиот начин на поткопување не даде резултати. Но, доволно беше што работата на организацијата привремено се закочи, а црната кампања, не престана во ниеден момент.

Процесот на ваков вид на дискредитирање на граѓанските организации, со цел да се опструира нивната работа, а евентуално и да се укинат или казнат „најнепослушните“, преку инспекции, финансиска полиција и јавни обвиненија дека донациите од ФООМ (Сорос) се наменети за нелегитимно уривање на државата и власта, беше засилен кон средината на 2016, пред изборите, како последен обид за осуетување на борбата против демократијата. Тоа беше една смислена, скапа и црна кампања под називот „Стоп операција Сорос“, која допре до највисоките кругови на државната администрација на САД.

Истрагата со која требаше да се изврши притисок врз невладините организации ја нарача Државната комисија за спречување на корупцијата, која долги години молчеше за коруптивните пракики на режимот на Груевски, а како што ЦИВИЛ докажа на почетокот на оваа година, оваа институција задолжена за спречување на корупцијата, всушност, самата била корумпирана и партизирана. ЦИВИЛ објави серија написи кои ги потврдија овие сомнежи.

Во меѓувреме, МВР ја сопре небулозната истрага против невладините организации. Новата Влада декларираше воспоставување на нови политики и практики во согласност со принципите на отвореното владино партнерство, односно соработка со организациите на граѓанското општество. Времето ќе покаже колку во тоа и ќе успее. Застапувањето и промоцијата на Граѓанската повелба која ја спроведува ЦИВИЛ во изминатиот период, е уште еден обид да се поддржи овој процес.

Биљана Јордановска

Tags: Граѓанска повелбадонаторифинансиска поддршкаЦивил
Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ