• Latest

Финансиската помош на Владите и топлото време ја „зауздаа“ инфлацијата

November 21, 2022
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Финансиската помош на Владите и топлото време ја „зауздаа“ инфлацијата

November 21, 2022 14:06
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Цените во октомври во Еврозоната пораснале за 9,9 проценти споредено со месец октомври лани, инфлацијата во целата ЕУ пак изнесува 10,9 проценти и достигна највисоко ниво од воведувањето на еврото како заедничка валута во 1999 година.

Енергенсите биле поскапи за 40,7 проценти во однос на истиот месец лани, додека животните продукти се продавале за 12,7 проценти поскапо.

Во целата Европска унија покачувањето на цените достигна рекордна вредност од 10,9 проценти. Додека пак во Унгарија, Латвија, Литванија, Моладавија итн, таа се искачи на повеќе од 20 насто.

Најниско ниво на инфлација Евростат регистрирал во Франција (6,2 %), во Малта (7,4 %) и во Финска (8,4 %), додека во Германија изнесува 10 проценти.

Евростат користи поинакви пресметувачки методи, што го оневозможува споредувањето во меѓународни рамки. Во август цените во 19 земји од Еврозоната беа за 9,1 процент повисоки во однос на истиот месец минатата година, а во целата ЕУ – за 10,1 процент.

Подрастичен пример за високата инфлација е Турција, во која месечниот скок на цените достигнува и до 80 отсто.

Помала веројатност за рецесија

И покрај брзиот раст на цените се намалува веројатноста еврозоната да западне во длабока рецесија зимава, пишува  „Фајненшл тајмс“, иако повеќето експерти очекуваат намалување на производството во еврозоната во наредните квартали, но падот ќе биде поумерен отколку што претходно се стравуваше.

За подобриот изглед на финансиите на Еврозоната, влијание имаат неколку фактори, од една страна, поголемата фискална поддршка од владите, а од друга страна, намалувањето на цената на струјата и благата есен. Посебен акцент е ставен на еден од најтоплите октомври досега, кој ја намалил потребата да се троши енергија во домаќинствата и фабриките, како и да се трошат резервите на гас.

Стапката на инфлација бележи постојан раст од ноември 2021 година, а посебно се зголемува од крајот на февруари, со почетокот на руската инвазија врз Украина и скоковитиот пораст на цените на енергијата.

Инфлацијата претставува просечна промена на цените на избрана група производи и услуги коишто се дел од вообичаената потрошувачката на едно просечно домаќинство во една економија. Секое зголемување на цените на некој производ или услуга не мора да значи и идентично зголемување на инфлацијата, бидејќи важно е и учеството на тој производ/услуга во вкупната потрошувачка, односно неговото учество во структурата на инфлацискиот индекс. Исто така, ефектот од цените коишто растат може да биде делумно или целосно неутрализиран од цените коишто се намалуваат во структурата на индексот.

Цените растат и на цел Балкан

Во септември, инфлацијата во Македонија изнесувала 18,7 отсто, во Србија 14 отсто, во Босна и Херцеговина 17,3 отсто, во Црна Гора 16 отсто и во Словенија 10 отсто. Во октомври, инфлацијата во нашата земја го достигна историскиот максимум, со опасност таа да влезе во инфлаторна спирала, од која тешко се излегува.

Според професорот Ванчо Узунов недостигот од реална конкуренција на страната на понудата на домашниот пазар, се користи од страна на трговските компании за неосновано зголемување на цените во услови на криза.

-Тоа се гледа од движењето на цените на храната на светските пазари, кои бележат стабилизирање, за разлика од цените во Македонија, кои се во постојан пораст, а треба да биде регулирано од Комисијата за заштита на конкуренција, вели Узунов за ЦИВИЛ медиа.

Узунов вели дека  инфлацијата зависи од повеќе фактори и разликата од 2 или 3 проценти меѓу државите не менува многу.

-Инфлацијата пред се зависи од структурата на економијата, увозот на производи кои се веќе инфлаторни, можноста на една земја да ги задоволи домашните производствени потреби, а во случајов најмногу зависи од цената на енергенсите во Европа и светот. И покрај тоа што има стабилизација, сепак се уште нема целосна сигурност и сите се во очекување на нови цени на енергенсите, но и затегнување на монетарната политика, додава Узунов.

Во Хрватска поскапеле храната и пијалоците

Во Хрватска, потрошувачките цени се зголемија за 13,2 отсто во октомври во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока инфласија регистрирана досега, пришто најмногу поскапеа храната и безалкохолните пијалоци, речиси за една петтина на годишно ниво.

Во рестораните и хотелите цените се зголемени за 17,8 отсто на годишно ниво, во групата домување, вода, струја, гас и други енергетски производи цените пораснаа за 16,1 отсто, а мебелот и опремата за домаќинството поскапе за 15,8 отсто. Транспортот е поскап за 11,5 отсто на годишно ниво, а во групата различни стоки и услуги е забележан пораст на цените од 10,7 отсто.

На месечно ниво, цените најмногу пораснале, за 6,9 отсто, во групата облека и обувки. Цените во групите домување, вода, струја, гас и други енергетски групи од септември до октомври се зголемени за 2,8 отсто, а храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за еден процент.

Претходно, најголема годишна инфлација во Хрватска е забележана во септември гпдонава, кога изнесувала 12,8 отсто.

Албанија во буџетот собрала околу 4 милијарди евра за 10 месеци поради инфлацијата

Високата инфлација донела повеќе пари во државниот буџет на Албанија, потврдуваат податоците на Министерството за финансии, според кои во периодот јануари-октомври се собрани 475 милијарди лека (околу 4 милијарди евра) или 60,6 милијарди лека повеќе, споредено со истиот период минатата година.

На растот на приходите влијае и растот на цените, бидејќи само ДДВ-то на увозот за десет месеци изнесува 128,9 милијарди, што е зголемување за 25,4 милијарди лека во однос и истиот период лани.

Исто така и приходите на име акциза се остварени во износ од 43,9 милијарди лека или 1,5 милијарди повеќе од 2021 година.

Според податоците на Министерството за финансии, приходите од данокот на добивка се во износ од 36,7 милијарди лека или 34,3 отсто повеќе во однос на споредбениот период.

Државниот буџет има постигнато најдобри показатели во последните години во однос на наплатата. Но, според експертите, доколку инфлацијата се стабилизира, првото нешто каде што ќе се нанесе удар ќе биде државната каса.

Во текот на месец октомври, инфлацијата во земјата достигна 8,3 отсто што е највисока забележана по повеќе од две децении. Прогнозите според Централна банката на Албанија се дека високото ниво на инфлација ќе продолжи и во последните два месеца од годинава.

Што треба да знаеме за инфлацијата?

Стапката на инфлација е еден од основните економски показатели ширум светот, преку којшто се следи промената на цените во една економија. Во економската теорија, под инфлација се подразбира раст на општото или просечното ниво на цени во економијата. Доколку промената на општото ниво на цени е негативна, односно ако цените во просек бележат пад, тогаш зборуваме за дефлација.

Денес, постои општ консензус за потребата од одржување ниска и стабилна инфлација, како предуслов за одржлив економски раст и отворање нови работни места. Постигнатиот консензус произлегува од веќе потврдените последици од високата инфлација, којашто создава несигурна средина и со тоа предизвикува нарушувања во одлуките на потрошувачите и инвеститорите.

Иако не постои прецизна дефиниција за стабилноста на цените, таа обично се толкува како ниска, позитивна и стабилна инфлација. Само при стабилни цени, вашиот имот ја одржува својата вредност низ годините, инвеститорите се спремни да преземат инвестициски одлуки и економијата во целост се движи напред. Во оваа смисла, стабилниот и предвидлив амбиент е основен предуслов за економски развој. Од овие причини, ценовната стабилност во економијата е најчестата крајна цел на монетарната политика, а воедно ценовната стабилност е основната цел и на монетарната политика на Народната банка на Република Северна Македонија.

С.Танеска

Tags: економска кризаинфлацијаповисоки цени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ