Престижниот американски речник Меријам-Вебстер објави дека зборот феминизам е збор на годината за 2017. Тоа е најбараниот збор во текот на година, статистиките на електронското издание на речникот укажуваат дека овој поим е дури 70% повеќе баран во однос на претходната година.
Настаните поврзани со феминизмот предизвикуваат сѐ поголемо внимание во светот. Ова е тренд кој се забележува во текот на изминатите неколку години, кога поимот феминизам секогаш е меѓу најбараните десет во овој речник.
Зборот „феминизам“ потекнува од латинскиот јазик, а речникот денес го дефинира како „теорија на политичката, економската и социјалната еднаквост на половите“ и „организирани активности во име на женските права и интереси“.