• Latest

Фон дер Лејен пред украинските пратеници: Борбата на Украинците за слобода ни го покажа вистинското значење на Европа

November 4, 2023

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лејен пред украинските пратеници: Борбата на Украинците за слобода ни го покажа вистинското значење на Европа

November 4, 2023 20:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Чест ми е што можам да се обратам во Домот на украинската демократија, полна со емоции, со восхит за вашата храброст и издржливост, со тага за сите страдања што Русија и ги нанесе на вашата сакана земја и со почит за сета неверојатна законодавна работа што овој Дом ја спроведе додека водите војна за опстанок, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред членовите на украинската Врховна рада.

Но, најсилното од сите чувства е благодарноста. Цела Европа ви должи длабока благодарност за се што направивте од почетокот на оваа брутална војна. Вие се борите не само за вашата слобода, вашата демократија и вашата иднина, туку и за нашата. Вие се борите за Европа. Ова е нешто за што ние сме целосно свесни. Почитувани членови на Радата, драг народе на Украина, Ви благодарам многу, истакна Фон дер Лајен.

Таа потсети и на храброста на Олександр Мациевски, убиен од страна на руските сили по заробувањето во битката кај Бахмут, чие погубување го оцени како едно од многуте воени злосторства во крвавата војна во Украина.

Додека Олександар ги гледаше своите убијци, немаше страв на неговото лице. Тој пркосно застана пред нив и кажа два едноставни збора. Зборови на слобода. Зборови на гордост. Зборови кои значат дека Русија никогаш нема да победи во оваа војна. И сега тие зборови се засекогаш врежани во срцата на сите слободни луѓе во светот: Слава на Украина, порача претседателката на ЕК.

Таа потенцира дека во услови кога сите Украинци се спротивставуваат на руската бруталност, на остатокот од Европа и преостанува само една работа, а тоа да застане покрај Украина онолку долго колку што е потребно.

Ова е причината зошто следната недела го објавуваме нашиот 12-ти пакет санкции против Русија. Новите санкции ќе опфатат до 100 нови лица, нови забрани за увоз и извоз, активности за заострување на ограничувањето на цената на нафтата и строги мерки за компаниите од трети земји кои ги заобиколуваат санкциите. Предолго, многумина во Европа мислеа дека можеме да тргуваме со Русија и да ја интегрираме во безбедносниот поредок на Европа. Но, тоа не функционира. И тоа нема да функционира се додека акциите на Русија се водени од соништата на заблуда за империја. Ова е една клучна лекција што вие, народот на Украина, ја научивте во текот на целата војна. Значи, нема да ги повториме грешките од 2014 година. И ќе продолжиме да вршиме максимален притисок врз Русија, до крајот на агресијата, додека Украина повторно не воспостави праведен мир, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК посочи дека Украинците не треба да учат како да бидат Европејци, бидејќи од почетокот на војната докажаа дека се тоа покажувајќи ја моќта на демократијата, генијалноста и европските вредности.

Сите ваши демократски институции се мобилизираа да ја исполнат желбата на украинскиот народ. Покажавте дека украинската демократија може да даде резултати. Ширината и длабочината на реформите што ги поминавте е зачудувачки. Направивте големи чекори, многу поголеми отколку што некој очекуваше од земја во војна. Вие спроведувате длабоки реформи, додека водите целосна војна. Целта е навистина на дофат. Можете да го направите тоа. И направете го тоа брзо, а ние ќе продолжиме да ја обезбедуваме сета техничка и политичка поддршка што ви е потребна. Уверена сум дека можете да ја достигнете вашата амбициозна цел: историската одлука за отворање на процесот на пристапни преговори да биде донесена веќе оваа година, порача Фон дер Лајен.

Според неа, финансиските потреби на Украина се големи, но таков е и економскиот потенцијал на земјата, па затоа Европа сака да инвестира во неа, предлагајќи го планот за поддршка од 50 милијарди евра за украинската економија, а дополнително работи и на искористување на приходите од замрзнатите руски средства за поддршка на обновата и реконструкцијата на Украина.

Можете да обликувате подобра земја за вашите млади генерации, а истовремено да продолжите на вашиот пат кон членство во ЕУ. Планот за Украина не само што ќе ја поттикне поддршката на Европа. Исто така, може да обезбеди насоки и координација за меѓународните донатори, во интерес на Украина. Сега останува на вас да му ја покажете на светот вашата амбиција за иднината на Украина, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, во целиот овој период од почетокот на руската агресија Украинците научија дека може да сметаат на своите сограѓани Европејци.

Но, од оваа војна многу научи и на остатокот од Европа. И најважната лекција од сите стои пред нашите очи. Тоа е моќта на ова знаме, нашето сино знаме со жолти ѕвезди, што решивте да го донесете овде во срцето на украинската демократија. Премногу често забораваме што значи ова знаме. Тоа значи слобода и демократија. Тоа значи мир и просперитет. Тој е симбол на вековните вредности и симбол на надежта. И вие не потсетивте на тоа. На сите ни го покажавте вистинското значење на Европа. Ова е духот што ме води овде и мене и сите европски лидери кои дојдоа во Кијив во овие повеќе од 600 дена војна. Ја носиме солидарноста на европските граѓани. Но, ние не ви ја носиме Европа. Затоа што Европа е тука. Во вашата борба за слобода. Во вашите демократски дебати. Во вашиот отпор против тиранијата. Европа е во очите на сите Украинци кои се борат за подобра иднина. И заедно, можеме да ја добиеме оваа борба. Заедно, можеме да ја завршиме нашата Унија. Заедно, можеме да ја донесеме Украина во нашиот заеднички европски дом. Ова е сон на хероите на Украина и на мачениците на Украина. И тоа е и наш сон. Заедно ние сме Европа. Да живее Европа. Слава на Украина, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето пред Врховната рада.

Претседателката на ЕУ, во придружба на сопругата на украинскиот претседател Володомир Зеленски, Олена Зеленска присуствуваше и на церемонијата за донација на 371 автобуси од ЕУ за Украина наменети за превоз на украинските ученици до училиштата, а имаше средба и со украинскиот премиер Денис Шмихал.

Tags: Врховна радаЕУобраќањепосетаУкраинаФон Дер Лаjенхраброст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ