• Latest
Фото: Wikimedia commons

Фон дер Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

January 17, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Фон дер Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

January 17, 2023 15:25
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, СВЕТ
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија има зелен индустриски план што ќе ја направи Европа дом на чиста технологија и индустриски иновации, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во својот говор на Светскиот економски форум во Давос.

Имаме план, Зелениот индустриски план, кој ќе ја направи Европа дом на чиста технологија и индустриски иновации на патот кон нула емисии на јаглерод диоксид, посочи Лајен.

Тој план треба да претставува дел од европскиот одговор на американската програма за субвенции и даночни олеснувања во областа на зелената технологија.

Американскиот закон за намалување на инфлацијата (ИРА) предвидува пакет од 369 милијарди долари за субвенции и даночни олеснувања за производи како што се електричните возила, под услов да се произведуваат на американска територија. Во Европска Унија стравуваат од евентуалниот повлекување на инвестициите и преместување на производството од Европа во САД.

Лајен посочи дека Зелениот индустриски план се потпира на четири столба: регулирано опкружување, финансирање, вештини и трговија.

– Треба да создадеме регулирно опкружување кое ни овозможува брзо проширување и создавање поволни услови за секторите што се клучни за постигнување на целта за нула нето емисии. Тие вклучуваат енергија од ветер, топлински пумпи, чист водород и складирање, наведе Лајен.

За таа цел, ЕК ќе предложи нов закон за индустрија со нула емисии на стакленички гасови по моделот на законот за полупроводници.

– Новиот закон за индустријата со нула емисии ќе идентификува јасни цели за чистата технологија во Европа до 2030 година, истакна Лајен.

Таа додаде дека целта на овој закон ќе биде да се насочат инвестициите во стратешки проекти низ целиот синџир на снабдување, како и дека приоритет ќе биде како да се поедностави и забрза издавањето дозволи за производство на чисти технологии.

Паралелно, ЕК ќе проучува како да се забрза одобрувањето на важни проекти за чиста технологија од заеднички европски интерес, како да се олесни финансирањето и да се поедностави пристапот на малите бизниси и на сите земји-членки до овие проекти.

Како дел од вториот столб на Зелениот индустриски план, ЕУ има намера да ги зајакне инвестициите и финансирањето на производството на чиста технологија. Во таа насока, ЕК ќе предложи привремено адаптирање на правилата за државна помош.

Тие вклучуваат даночни олеснувања и насочена помош за производство во стратешки важниот синџир на чиста технологија за да се спротивстави на ризиците од преместување на производните капацитети во трети земји поради странски субвенции.

Сепак, Лајен истакнува дека ЕК е свесна дека државната помош не може да биде целосно решение бидејќи само неколку земји-членки имаат доволно фискален капацитет да ја субвенционираат индустријата, што потоа би довело до фрагментација на внатрешниот пазар. Затоа, неопходно е да се зајакне финансирањето на ниво на ЕУ за да се избегне фрагментација на единствениот пазар и да се поддржи транзицијата во сите земји-членки, а не само во некои.

Ќе обезбеди структурно решение за зајакнување на ресурсите за истражување, развој и стратешки индустриски проекти, кои се клучни за постигнување нула емисии. Но, бидејќи ова ќе потрае некое време, ќе разгледаме решение за да обезбедиме брза и насочена поддршка онаму каде што е најпотребно, посочи Лајен.

Фон дер Лајен за третиот столб на Зелениот индустриски план го посочи „развојот на вештините, бидејќи и најдобрите технологии важат само доколку има квалификувани луѓе кои се способни да управуваат и да ги користат“.

Таа како четвртиот столб го посочува олеснувањето на еднаква и отворена трговија, од која корист ќе имаат сите. Затоа, ЕУ ќе се залага за трговски договори со земји како Канада, Велика Британија, Мексико, Чиле, Нов Зеланд и Австралија

Tags: ДавосЕвропска Комисијаекономски форумзелен индустриски план
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ