• Latest

Фондација Фридрих Еберт: Како до функционална демократија?

September 2, 2016

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фондација Фридрих Еберт: Како до функционална демократија?

September 2, 2016 12:48
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Градење на социјална кохезија од ‘темел-нагоре’: Денот потоа“ е дел од активностите кои ги спроведува Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во соработка со граѓанското општество. На денешната јавна дискусија се презентираа целите на активностите, учесниците во спроведувањето и инструментите потребни за да се постигне кохензивно општество. 

„ФЕС веќе 20 години со своите активности во Македонија, се стреми кон вклучување на сите актери вклучени во општеството. Само со развој на социјалната кохезија ќе се развие и функционална демократија. Тоа може да се постигне само со комуникација и соработка. Тоа е и основната цел на оваа активност, да се создадат сетови на барања преку процес на сеопфатен дијалог со прогресивните чинители од граѓанското општество и науките„ истакна Милан Живковиќ од  ФЕС, претставувајќи го проектот.
Франкт Хантке, гостин од ФЕС-Тирана, зборуваше за важноста од дефинирање на заеднички став со кој ќе се согласат сите актери во општеството кои ќе се придржуваат до тоа. 

DSC_0225

„Додека сме млади сите сакаме да бидеме различни од просекот, да бидеме подобри. Но реалноста е дека вистинската движечка сила на општеството е просечниот човек, односно средната класа. Не академската заедница, не научниците и најбогатите слоеви, туку средната класа. Балканот во моментов, но и во догледно време нема да направи значителни поместувања кон демократијата. Стои во место а многу често назадува. Затоа е потребно да се постават приоритети и да се подготват документи, анализи и закони, кои ќе се спроведуваат во пракса. Балканските држави подготвуваат документи но не ги имплементираат. ‘Денот потоа’, има за цел тоа да го промени“, изјави Хантке.
Области на фокус во рамки на оваа активност се демократијата и човековите права, социјалнa-држава, социјално-праведна економија и одржлива животна средина.

Како што објасни Живковиќ, предвидени се три фази, кои опфаќаат вклучување на граѓанскиот сектор, изготвување на легислатива во која свој придонес ќе имаат и граѓанските организации и како трета фаза мониторинг на имплементацијата на легислативата. 

„Во период кога во Македонија се актуелни ад хок иницијативи, оваа активноста спротивно на тоа вклучува луѓе кои не се тука ад хок, од денес за утре, туку се луѓе и организации кои се стручни во областа во која ќе работата и се ентузијасти. Нашата цел ќе ја постигнеме со јавен дискурс и делиберација на јавниот простор каде може да се креираат политики“, вели  Драган Гоцевски, координатор на четирите области.

На јавната дискусија учествуваа и ко-координаторите Невена Смилевска, Билјана Дуковска и Ана Чоловиќ Нешоска.

Марија Теговска

 

Tags: демократијајавна дискусијаМакедонијаОПШТЕСТВОсоцијална кохезијаФЕСЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ