• Latest

Фотографиите на политичари во варошкото училиште се од успешни проекти!

February 2, 2016
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Фотографиите на политичари во варошкото училиште се од успешни проекти!

February 2, 2016 07:20
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По повод текстот „Прилеп: Партиска пропаганда и манипулација со малолетници“, објавен на 31 јануари,  Марија Ташкоска, од Одделението за односи со јавност на Општина Прилеп, на авторот на текстот, Божидар Барлакоски, му испратила демант, кој во целост го објавуваме:

Главен приоритет во изминатиот период и во иднина на локалнaта самоуправа ќе биде континуирано инвестирање во училишните објекти за децата да имаат сé поквалитетни и поквалитетни услови за образование и нивни континуиран напредок, а не собирање на политички поени како што сака некој тоа да го прикаже.

Тоа го докажавме во изминативe десетина години со инвестиции од преку 10.000.000 евра во образованието.

Што се однесува до посоченото подрачно училиште во населбата „Варош“, кое постои од далечната 1926 година и во кое, до пред  десетина години не беше ништо инвестирано, оваа локална самоуправа со средства од општинскиот буџет инвестираше во:

–       2008 година со средства од локалната самоуправа се санирани санитариите и таванот во една училница во висина од 1.800.000 денари.

– следеше најголемата реконструкција на училиштето со промена на надворешната столарија и целосна реконструкција на покривот во Варош, која е направена во 2013 год со сопствени средства од локалната самоуправа на Општина Прилеп во висина од 2.000.000 денари

–       2014 година, комплетно се обновени ѕидовите во училниците со спуштени тавани, променети се подовите, вратите, фасадата на училиштето. Училиштето го смени својот лик.

–       2015 година – за првпат е инсталиран систем за парно греење на течно гориво во висина од 450.000 денари, повторно со средства од локалната самоуправа на Општина Прилеп, сé со една цел квалитетно  образование.

Посочените фотографии се токму од тие настани на реализација на успешни проекти кои се од големо значење за жителите од оваа населба и тука нема да застанеме, туку и за оваа година планираме да реализираме нови проекти и заедно со учениците и жителите од оваа населба, ќе го одбележиме нивното завршување и пуштање во употреба.

Размислете кој овде, прави политика, дали тие што објавуваат вакви текстови или тие што градат, реконструираат училишта и пуштаат во употреба ветени проекти?

Општина Прилеп

Tags: Божидар БарлакоскидемантзлоупотребиМарија Ташкоскаопштинаполитички поениПрилепРедакцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ