Фотомонтажа се споделува на социјалните мрежи во која украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон наводно се подбива со рускиот претседател Владимир Путин. Таква средба никогаш не се остварила помеѓу Зеленски, Путин и Макрон.
Дел од граѓаните (поддржувачи на руската агресија) наседнаа на оваа фотомонтажа и има низа коментари кои пред сè со говор на омраза.
Истата фотомонтажа е објавена и на еден странски сајт.
Вистинската фотографијата е всушност од средбата меѓу францускиот претседател, Емануел Макрон со украинскиот колега Володимир Зеленски во Киев во можноста за изнаоѓање на конкретно решение за украинската криза, на 8 февруари, неколку дена пред да почне руската агресија врз Украина.
Пораката за мир што ја упати Зеленски на средбата со Макрон, е злоупотребена за ширење руска пропаганда дека всушност е порака за потсмев, односно „набивање на рогови“ на Путин.
Граѓаните треба убаво да ги проверуваат информациите за да не станат жртви на дезинформации, па макар и ако се работи за содржини кои се објавуваат на профили кои служат за забава.
Д. Муратов