На 9 февруари недела во Косово се оддржуваат парламентарни избори. Според новиот закон за изборите, изборниот молк започнува во 7 часот наутро со отворање на гласачките места.
Во Приштина денеска се одржаа завршни митинзи на Демократска партија на Косово (ПДК), а можеше а патот кон Приштина да се забележат автомомили кои со знаме на ПДК и бројот 131 од изборната листа дефилираат на автопатот. Митинг одржа и партијата Демократска лига на Косово (ЛДК)
Право на глас во земјата имаат вкупно 2 милиони 75 илјади 868 гласачи. Денеска гласа дијаспората 43 избирачки места во 16 амбасади и 14 конзулати на Косово, лоцирани во 19 различни земји. За гласање во овие 30 дипломатски претставништва се пријавени вкупно 20.324 гласачи.
Во амбасадата на Косово во Северна Македонија имало многу мал одзив. Се очекува повеќето да одат на гласање во Косово, затоа што многумина имаат двојно државјанство.