„Во овој момент не планирам да правам политичка партија, бидејќи не е време за тоа. Сега е време да ја зачуваме нашата Македонија“, изјави пензинираниот генерал, Франгос Франгулис, во ексклузивна изјава за ЦИВИЛ Медиа. Фрагулис е еден од организаторите на протестите кои се одржаа пред два дена во Солун.
– Дали се подготвувате да формирате политичка партија?
– По протестот во Солун, немаме никаква намера да правиме партија, туку само се бориме за нашата Македонија. Немам што да додадам на тоа. Само за Македонија се бориме. Ако сакаат да зборуваме за имотите, тоа е тема за која треба да разговараат со политичарите. Немаме ништо против постоењето на нашите соседи, ништо против народот. Само сакаме да бидеме сериозни и да го направиме тоа што треба да се направи. Бараме Скопјаните да престанат да бараат територии. Сакаме да негуваме добри односи меѓу нашите држави, но не и да дојдат да ни одземат идентитет и земја. Не е време за политички партии, туку за борба.
– Но, во Скопје владее мир, ситуацијата е мирна…
– Тие треба да направат референдум за да ги решат сите проблеми. Тоа што го мислам, го кажав. Останува на лидерите да решат што ќе се прави. Но, мора да знаат дека е време да ја спасиме Македонија. Не можам и не сакам ништо повеќе да кажам!
***
Оваа изјава доаѓа по протестот во Солун, кој се одржа на 21 јануари, на кој учествуваа околу 90.000 луѓе, според официјални податоци од грчката полиција. Според наши сознанија, се најавува нов протест и во Атина, на 4 февруари (недела), против компромисно решение на спорот за името со Македонија.
Александрос Стаматиу
Ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа
(Авторот е фото-репортер од Грција)