„Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Уште само еден чекор до целта што ја зацртавме во 1993 година – полноправно членство во Алијансата!“, објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров на Твитер.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на Твитер објави: Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“.
Д.М.