• Latest
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фрчкоски за НОВА: Одземањето на правото правосудниот испит да се полага и на албански јазик претставува дискриминација

February 13, 2026
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Фрчкоски за НОВА: Одземањето на правото правосудниот испит да се полага и на албански јазик претставува дискриминација

February 13, 2026 18:18
in ИНТЕРВЈУ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Интервју на НОВА со проф. д-р Љубомир Фрчкоски, дoлгогодишен професор на Правен факултет „Јустинијан Прима“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, декан на ФОН, екс-амбасадор на Република Северна Македонија во ООН .

НОВА: Како ја оценувате дебатата околу можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик?

ФРЧКОСКИ: Отворањето на можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик добива димензии кои се политички, најчесто како линија на судир меѓу широчината на употребата на албанскиот јазик и официјалната употреба на македонскиот јазик. Тоа нормално добива политички димензии и во Владата, а судирот се претвора во нешто што во никој случај не треба да стане, и веројатно има перспектива да се заостри.

НОВА:Дали ова прашање треба да се врзува со Законот за употребата на јазиците и постапката пред Уставниот суд?

ФРЧКОСКИ: Мислам дека, независно од тоа, и не сакам сега да го коментирам Законот за употребата на јазиците, кој е во постапка пред Уставниот суд, а на кој се повикуваат оние што го оспоруваат правото правосудниот испит да се полага и на албански јазик, меѓу кои е и министерот за правда, треба директно да се задржиме на уставните и законските можности и аргументи. Тие укажуваат дека правосудниот испит може да се полага на јазикот на кој лицето, односно кандидатот, го водел своето правно образование.

НОВА: Со што конкретно е поврзан правосудниот испит – со вработувањето или со образованието?

ФРЧКОСКИ: Правосудниот испит се поврзува со претходното правничко образование на кандидатите што сакаат да го полагаат, а не со тоа каде тие евентуално утре би биле вработени или би работеле. Значи, тој не се поврзува со судските, адвокатските или нотарските инстанции, ниту со самите судски постапки, туку со образовниот процес.

НОВА: Што значи тоа за студентите кои студирале на албански јазик?

ФРЧКОСКИ: Доколку образовниот процес на студентите четири години се одвивал на јазик различен од македонскиот, во овој случај на албански јазик, тие мора да можат да го полагаат и правосудниот испит, кој е на некој начин завршен дел од образованието во таа област – кривична, правна, граѓанска. Во спротивно, тие студенти би биле дискриминирани при полагањето на правосудниот испит во однос на колегите чиј мајчин јазик е македонскиот, доколку испитот треба да го полагаат само на македонски јазик. И тука, во таа смисла, завршува дебатата.

НОВА: Дали одземањето на ова право претставува дискриминација?

ФРЧКОСКИ: Одземањето на правото правосудниот испит да се полага на албански јазик, односно на јазикот на кој тие се образувале, претставува дискриминација и е неуставна категорија. Ова право на полагање правосуден испит е, де факто, приватно право на студентите и не се поврзува со тоа каде тие ќе работат во судовите.

НОВА: Како одговарате на аргументот дека судските постапки се водат на македонски јазик?

ФРЧКОСКИ: Аргументот дека судските постапки се водат на македонски јазик не е релевантен во овој контекст. Државата не им обезбедува и не им гарантира вработување во судовите или како адвокати на овие кандидати, па од таму да произлегува обврска да го знаат македонскиот јазик поради работата во судските постапки.

Исто така, мислењето на Венецијанската комисија дека целосната двојазичност на судските постапки би ја довела постапката во апсурд и дека не е применлива, се однесува на судските постапки, а не на полагањето на правосудниот испит. Судските постапки можат да останат претежно на македонски јазик, со право лицето да зборува на својот јазик и да има обезбеден преведувач. Но тоа воопшто не значи дека и правосудниот испит мора да биде само на македонски јазик. Таквиот притисок во основа претставува дискриминација.

НОВА: Што треба да се направи со законот и дали постои ризик од „лавина“ барања?

ФРЧКОСКИ: Правосудниот испит не треба да се полага само на македонски јазик. Законот треба да се повлече и да се измени во насока на овозможување полагање и на јазикот на заедницата која сочинува најмалку 20% во Република Македонија.

Стравот на предлагачот дека ова може да предизвика „лавина“ барања – на пример, испити за државни службеници или за јавна администрација да се полагаат на албански јазик – е неоправдан. Правосудниот испит се врзува за процесот на образование и за приватното право на студентите да го завршат тој процес со полагање на испитот. Тој не се поврзува со тоа каде тие ќе работат, повторувам.

Законот за државна администрација, пак, се поврзува со тоа каде лицата конкурираат и кои услови мора да ги исполнат во рамките на државната администрација, како што е знаење на македонски јазик за државни службеници. Таму има логика испитот да се полага на македонски јазик и да се бара познавање на македонскиот јазик. Но во правосудната сфера, односно во полагањето на правосудниот испит, таква врска со вработувањето нема. Затоа ова прашање се поврзува исклучиво со образованието и со јазикот на кој студентите го стекнале своето образование на правните факултети.

Извор: НОВА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ