• Latest

„Фридом Хаус“ за Македонија: Токсична мешавина на национализам, корупција и нефункционирање на Владата!

January 31, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Фридом Хаус“ за Македонија: Токсична мешавина на национализам, корупција и нефункционирање на Владата!

January 31, 2017 13:25
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Фридом хаус“ го објави извештајот „Слободите во светот“ за 2016-та година, според кој, Македонија се наоѓа на 57 место, во групата „делумно слободни земји“. Во однос на земјите од соседството и пошироко, во последниот извештај на „Фридом Хаус“, Македонија, заедно со Косово, Албанија, Црна Гора и со Босна и Херцеговина, е сместена во категоријата „делумно слободни земји“, додека другите балкански земји – Грција, Бугарија, Србија, Романија, Хрватска – се во категоријата „слободни земји“.

Македонија е рангирана повисоко од Косово и Босна и Херцеговина, но пониско од Албанија и Црна Гора.

Според извештајот, лидерите на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и на Македонија, ги малтретираат критичарите од редовите на граѓанското општество, ги попречуваат истрагите за незаконските дејства на владата и ги игнорираат уставните процедури, решителни во своите намери и покрај критиките. Набљудувачите изразуваат загриженост дека „напредокот кон демократските стандарди се заменува со токсична мешавина на национализам, корупција, неправилно функционирање на владата и на вмешување од Русија“.

Во извештајот се оценува дека на Балканот состојбата со изборните процеси и со владеењето на правото е уште повеќе влошена откако, Европската унија ја пренебрегнала нејзината улога во промовирање на демократијата кај земјите кои се стремат да станат дел од Унијата.

Во извештајот се рангирани 195 земји, од кои 87 или 45 отсто се – слободни, 59 или 30 отсто, меѓу кои и Македонија, се – делумно слободни, а 49, односно 25 отсто, се – неслободни.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БалканизвештајМакедонијаФридом Хаус
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result