„Имено, Мицковски ги повикува Македонците и Албанците на заедничка борба со него за иднината на Македонија.
Почитуван г-дин МицковскиThanks but no thanks.
Ова не е моја и твоја заедничка борба за иднина оти ова е твоја борба за власт, злоупотребувајќи ги, наметнатите предрасуди, кои ние ги имаме кон нашите соседи Бугари.Мојата борба беше 2015та и 2016та против режимот на Грувски додека ти беше дел од режимот.Јас ја критикував и следната власт оти не си стоеја на збор по однос на корупцијата а ти се бориш за власт а не за држава.Вие уште не сте раскрстиле со тие што го посрамотија ВМРО, твоите уште одат во Будимпешта на консултација.Не можеме да имаме иста борба оти јас абсолутно го почитувам секој сегмент од твојот идентитет а ти ме навредуваш секаде и секогаш кога имаш проблеми со другите.Не можеме да имаме иста борба оти јас го сакам Навални а твоите го сакаат Путин.Не можеме да имаме иста борба оти јас го сакам Берни а твоите Трамп.Не можеме да имаме иста борба додека се дружиш со типови како Апасиев, Бачев и не раскрстиш со Груевски , замисли дури и после признавање на вина од неговите најблиски соработници.“
Фејсбук статус на Беким И. Бина