• Latest
Фото: МИА

ГАК ќе расправа за претстојниот Самит на ЕУ, на маргините на собирот ќе почнат преговорите за членство со Украина и Молдавија

June 25, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ГАК ќе расправа за претстојниот Самит на ЕУ, на маргините на собирот ќе почнат преговорите за членство со Украина и Молдавија

June 25, 2024 07:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Подготовките за претстојниот Самит на ЕУ закажан за 27 и 28 јуни, како и дискусијата за нацрт-заклучоците од оваа средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата, ќе бидат главна тема на денешното заседание на европскиот Совет за општи работи (ГАК), што ќе се одржи во Луксембург.

Главни теми предвидени за Самитот на ЕУ се состојбите во Украина и на Блискиот Исток, прашања поврзани за безбедноста, одбрана и конкурентноста, како и дискусија околу следниот институционален циклус на Унијата, во чии рамки се очекува да биде донесена одлука на носителите на врвните раководни места во блокот – претседателите на Европскиот совет и на Еврокомисијата, како и високиот претставник за надворешна политика и безбедност.

На маргините на средбата на министрите и државните секретар задолжени за европски прашање на ЕУ попладнево ќе се одржат и меѓувладините конференции на Унијата со Молдавија и Украина на кои треба да бидат усвоени преговарачките рамка со кои се утврдуваат насоките и принципите за пристапните преговори, со што формално ќе биде означен почеток на преговорите за членство на двете земји во Унијата.

За утре, пак, во Брисел е предвиден 16-от состанок на Меѓувладината конференција на ЕУ со Црна Гора на министерско ниво на кој ќе биде направен преглед на напредокот на земјата во исполнувањето на привремените одредници од поглавјата за владеење на правото – Поглавјето 23 за правосудство и основните права и Поглавјето 24 за правда, слобода и безбедност, а ќе разговара и за насоки за претстојните активности.

Инаку, на денешното заседание на ГАК ќе се одржи и дебата за Директивата за транспарентност на застапувањето на интересите во име на трети земји, како и за предлог-правилата на ЕУ за зајакнување на демократијата со промоција на слободни и фер избори, зголемување на транспарентноста во политичкото рекламирање и зајакнување на изборните права.

Учесниците на состанокот на ГАК ќе расправаат и за постапката против Унгарија врз основа на член 7 став 1 од Договорот на ЕУ поради сомнежите за непочитување на основните вредности на Унијата поврзани со владеењето на правото.

Извор: МИА

Tags: ГАКЕУМолдавијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ