• Latest

ГАЛЕРИЈА: Состојбите во македонските затвори, пред и потоа

April 7, 2020

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ГАЛЕРИЈА: Состојбите во македонските затвори, пред и потоа

April 7, 2020 15:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Условите во затворите и третманот на затворенците долго време беше на критика на претходната власт, која меѓу другото „се грижеше“ затворите да бидат пренатрупани сурови места, бидејќи беа еден од начините за пресмтка со неистомислениците.  Дел од жртвите на таквото режимско владеење беа и панелисти во две панел дискусии организирани од ЦИВИЛ „Жртви на режимот -сведоштва и слики“.

Неодамна, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, директорот на Управа за извршување санкции при Министерството за правда, Јовица Стојановиќ, направи паралела на затворските услови до 2017 и потоа, во периодот по неговото назначување.

[envira-gallery id="133867"]

„Зборот катастрофа е мал збор да се опише сето она со што се соочив на терен по моето доаѓање за директор на УИС во 2017, имајќи во предвид што беше оставено во 2006, а што се наследи во 2017 година. Сите проекти што ги започнавме, како и оние што веќе беа започнати, како оној за целосна реконструкција на КПД Идризово ги правиме да бидат реални на терен. За овие две и пол години можам да кажам дека сум задоволен од постигнатото вклучувајќи ја пред и потоа состојбата заедно со сите ново поставени директори во затворскиот систем Република Северна Македонија“, потенцираше Стојановиќ.

На фотографиите што се дел од извештајот на УИС, може да се направи споредба на дел од казнено поправните установи во кои е извршена реконструкција со цел подобрување на условите за престој на затвореницитие.

За да го решат на долгогодишниот проблем со спроводот на осудени и притворени лица, Управата за извршување на санкции набави четиринаесет нови возила од кои три патнички комбиња и единаесет специјализирани возила за пренос на осудени и притворени лица. Возилата се според современи европски стандарди.

Целосно се опремени и пуштени во употреба новите објекти од отвореното и полуотвореното одделение во КПУ Затвор Идризово.

Се направи и целосна реконструкција на осум простории за осамување (самица) и подобрување на водоснабдувањето преку ископ на бунар длабок 25м, инсталација на соларен систем за топла вода, се дел од новитетите во КПУ Затвор Штип.

Поплочување на подот на затворот со вкупна површина од 300 м2, како и реновирање на внатрешноста, изградба на магацински простори, реновирање на чајна кујна, канцеларии и занимални се дел од рекострукциите во КПУ Затвор Прилеп, како и реновирани тоалети во затвореното одделение и ќелии во КПУ Затвор Скопје.

„Навистина, на терен се менуваат многу работи, што со фондови, што со проекти, меѓутоа и со сопствени средства на финансирање, односно буџетот кој е на исто рамниште како и претходно. Сепак, домаќински се користи од установите и така се прават заштеди за да се направат инвестиции што дополнително ќе придонесат да заштедиме средства“, изјави Стојановиќ за ЦИВИЛ Медиа.

Б. Јордановска


Стојановиќ: Катастрофа е благ збор да се опише состојбата што ја затекнав во затворите во 2017 година

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ