За дезинформациите, пропагандата и хибридните закани во медиумите, ЦИВИЛ Медиа разговараше со Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, (СЕММ).
https://youtube.com/shorts/7JEUU7QNVhM?feature=share
На прашањето кои општествени чинители можат и треба да се соочат со дезинформациите и со она што се нарекува странско малигното дејствување, Георгиевска посочи дека извесни медиуми преку ширење дезинформации поттикнуваат непријателство, меѓуетнички тензии и нестабилност во општеството, како можни играчи во интерес на други земји.
„Ако зборувам за медиумите, имаме пред очи извесен број, за кои сите сме свесни дека од време на време потпалуваат, поттикнуваат непријателство и тензии во општеството и преку дезинформации. Дали се играчи на странски земји на кои тоа им е целта – нестабилност во општеството, недоверба и разгорување на оние теми кои секако се запаливи во една средина, кај нас се тоа најчесто меѓуетничките односи. Или политичките теми особено во предизборен период каков што ќе следи, ние тоа не можеме лесно да го откриеме, можеме само да претпоставуваме и по движењето на финансирањето на такви медиуми. Дека постојат – постојат. Меѓутоа, треба да се подигне свесноста на читателите, корисниците на овие содржини, за оваа потпалувачка намера и полесно да ги препознаваат.
Факт е дека нашето население многу често чита и пренесува од соседна Србија, такви вести кои се комплетно непроверени или јасно се дезинформации, но има се уште дел од населението кое е многу подложно“, рече Георгиевска.
Разговорот го водеше Дехран Муратов
Камера, фотографија и монтажа: Ариан Мехмети
Транскрипција: Д. Тахири
Интервјуто е дел од проектот „Ослободи го умот“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Амбасадата на САД.
Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Целото интервју може да го видите ТУКА.