Во последниот од серијата разговори со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика и експерт за демографија и попис, зборуваме за неговите препораки до надлежните институции за спроведување на пописот во 2020 година.
Сите актуелни прашања поврзани со пописот во 2020 година можете да ги проследите на медиумската платформа на ЦИВИЛ преку низа разговори со Герасимовски.
ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите препораки до релевантните институции за успешно спроведување на пописот 2020 година?
ГЕРАСИМОВСКИ: Започнувајќи од самите граѓани на државата, преку надлежните институции, невладините организации и сите оние коишто може да придонесат е добро да се вклучат, преку една широка дебата, преку разни советувања. Сите до максимум да го дадеме својот придонес за пописот да биде успешен од сите аспекти.
Надлежната институција е меродавна да го спроведе, односно организира, нејзините предлози се стручни согласно препораките за потребите на државата, но не само од надлежните институции кои секако имаат свој придонес, впрочем, тоа се цитира и се бележи во самиот закон.
Она што е важно е дека соработката на институциите и вкрстувањето на податоците не треба да биде предмет само на попис. Таквите активности треба да постојат секојдневно, активности на евиденции и на регистри коишто треба да ги има државата. Законот за регистар е донесен. Да не се навраќаме 20 или 30 години наназад кога имаше закон за регистар којшто никогаш не заживеа. И овој закон којшто е донесен сега, се уште не може да профункционира, најверојатно тоа ќе се случи во најскоро време. Но, добро е Владата што се нафати и сака да го направи овој регистар.
Сакаме да бидеме во Европа, сакаме да биде со нас НАТО, но мораме да ги применуваме сите закони, сите резолуции, сите дефиниции, сите стандарди, коишто водат кон подобро на државата и кон вклопување со меѓународните организации и институции.
Маја Ивановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Прочитајте повеќе:
Дали Македонија е подготвена за попис?
Нè очекува ли успешен попис во 2020 година?
Герасимовски: Интересот на државата пред сè!
Законот за попис треба да се донесе преку јавна дебата.
Ако има политичка волја ќе има и попис!
Пописот и Избирачкиот список не се во функција еден со друг
Герасимовски: Секој граѓанин треба да даде свој придонес за средување на состојбите во државата