• Latest

Герасимовски: Интересот на државата пред сè!

December 1, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Герасимовски: Интересот на државата пред сè!

December 1, 2018 09:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на подготовките на претстојниот попис кој според најавите ќе се спроведе во 2020 година, ЦИВИЛ Медиа зборуваше со поранешниот директор на Државниот завод за статистика и експерт за демографија и попис, Дончо Герасимовски.

Сите актуелни прашања поврзани со пописот во 2020 година можете да ги проследите на медиумската платформа на ЦИВИЛ преку низа разговори со Герасимовски.

Во денешниот разговор ги презентираме ставовите на Герасимовски за предлогот за изоставување на графата за етничка припадност на претстојниот референдум.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кој е вашиот став за предлогот да се изостави графата за етничка припадност на претстојниот попис?

ГЕРАСИМОВСКИ: Во сите досегашни пописи графата на етничка припадност е застапена во прашалникот. И таа графа на етничка припадност е од времето кога е поставувана, бидејќи состојбите во државите и во светот биле такви каде што се барале одредени состојби, да се види каде се и што се.

Меѓутоа, во низа мои активности, и претходно и сега, го велам следното, дека во пописот не е актуелно само прашањето за етничката припадност, коешто се поставува секогаш, или пак, дали мора или треба. Веќе реков дека во пописот има и други прашања, околу шеесетина со двесте модалитети како прашања и одговори кои самиот граѓанин треба да ги даде и сметам дека не треба толку да се става акцент и забелешка само на етничката припадност.

Мојот став се поклопува и со самите препораки каде што во етно-културните карактеристики на пописот стои дека етничката припадност, религијата и мајчиниот јазик се споредни белези во пописот. Тоа значи, како прво, земјата која спроведува попис не се обврзува да ги има како главни или задолжителни белези. Во препораките на Обединетите Нации, економскиот и социјалниот совет, со Резолуција донесена на 10 јуни 2015 година, велат дека земјите членки на ОН се обврзуваат и се задолжуваат во рок од 10 години да спроведат најмалку еден попис. Значи задолженијата се едно, главните белези се друго, споредните се нешто трето.

Тоа значи дека треба да се отвори една поширока расправа, на сето она што значи етничка припадност и кои се потребите. За мене лично, како прво, тоа треба добро да се обмисли од предлагачот, од надлежните институции, од Владата и од Парламентот, во која функција се истите.

Треба да се проверат кои се обврските кои произлегуваат од таа етничка припадност конкретно во нашата држава, дали сме обврзани со застапеноста на некои членови во Уставот, во однос на низа закони на државата и во однос, на пример, на Бадинтеровото гласање во Парламентот. Односно, дали сето тоа има или нема влијание на потребата да има етничка припадност во пописот или да нема.

Затоа, мојот личен став е дека тоа бара поширока расправа за потребите, испитување на сите активности, за да може да се види вистинската потреба. Ако одиме и на вработеноста, на одредени проценти што се бараат, ако не се спроведе тоа со попис, тогаш и тоа ќе го нема. Затоа велам дека обврските се големи, за сите подготовки, за јавната расправа, за мислењето на стручната јавност и науката.

Но, од друга страна, да се посветува толку многу внимание на етничката припадност, а да се занемарат други белези и карактеристики коишто ги има во самиот попис, не доведе до незавршување на пописот во 2011 година. Ние треба да се бориме за перспективите. Каква ќе ни биде иднината во државата од сите, а не само од еден аспект. Имајте предвид дека несогласувањата и оставките во Државната пописна комисија беа токму заради ова прашање.

Едно е прашањето, коешто е методолошки решено, за тоа што значи население во земјата и во странство. Тоа е една широка проблематика на дефиниции, стандарди и класификации коишто се користат во самиот попис. Но, тоа е посебна тема за говорење, бидејќи тука има 20-30 документи коишто служат во пописот коишто треба да се применат, а тука спаѓа и ова прашање.

Деновиве, според сознанијата, Законот за попис треба веќе да оди во Владата на Република Македонија, составот на Владата го знаеме, составот на Парламентот го знаеме, меѓутоа тие сепак велат политичките партии да седнат и да се договорат, каков ќе биде конечниот резултат не зависи од поединци, туку од интересот на државата. Затоа тука треба да се вклучи и граѓанскиот сектор и невладините организации.

Маја Ивановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети


Прочитајте повеќе:
Дали Македонија е подготвена за попис?
Нè очекува ли успешен попис во 2020 година?

Утре ќе читате: Постои ли опасност од бојкот на претстојниот попис доколку се изостави графата за етничка припадност?


Преземање на содржините е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Tags: 2020графаДончо ГерасимовскиДржавен завод за статистикаетничка припадностпописпрепораки
Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ