• Latest

Пописот и Избирачкиот список не се во функција еден со друг

December 4, 2018
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пописот и Избирачкиот список не се во функција еден со друг

December 4, 2018 15:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешниот разговор со Герасимовски зборуваме за поврзаноста на пописот и Избирачкиот список.

Во пресрет на подготовките на претстојниот попис кој според најавите ќе се спроведе во 2020 година, ЦИВИЛ Медиа направи серија разговори со поранешниот директор на Државниот завод за статистика и експерт за демографија и попис, Дончо Герасимовски.

Сите актуелни прашања поврзани со пописот во 2020 година можете да ги проследите на медиумската платформа на ЦИВИЛ преку низа разговори со Герасимовски.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во пресрет на претседателските избори, прашањето за Избирачкиот список, често се доведува во врска со пописот. Дали и како се поврзани Избирачкиот список и пописот на населението?

ГЕРАСИМОВСКИ: Постојано се поставуваат прашања од јавноста, па и од одредени стручни лица, од владини институции, или пак, од Собранието во однос на споредливоста на податоците коишто се ставаат во функција на пописот и во однос на Избирачкиот список.

За Избирачкиот список постои закон, но и за пописот постои закон. Па оттука пописот и Избирачкиот список не се во функција еден со друг. Ќе посочам неколку примери. Избирачкиот список се прави од државјани на Република Македонија со возраст над 18 години, односно сите оние коишто имаат наполнето 18 години и имаат право на глас. Во пописот се прибираат податоци за севкупното население во земјата и таму стои една дефиниција којашто морам да ја потенцирам каде што се вели дека „во пописот граѓанинот може да биде еднаш и само еднаш“, за да не дојде до дупло, односно, двојно попишување. Оттука излегува дека заради споредбата на влијанието на пописот и на Избирачкиот список, дека е присутно токму тоа – државјани на Република Македонија, со право на глас. Државјани на Република Македонија има ширум светот. Најпрво треба да знаеме каде се.

Одговорно стојам и тврдам дека во изминатите години, да не кажам со децении недоволно се знае колку државјани на Република Македонија има надвор од нејзините граници. Второ, заради споредбата на пописот и Изборниот список, односно вкрстување на податоци во Избирачкиот список секогаш има поголем број на државјани на таа одредена возраст отколку во пописот. Зошто е тоа така? Затоа што според дефиницијата за попис вкупното население е вообичаено население коешто живее во Република Македонија и странски државјани коишто се присутни во земјата повеќе од една година. И тоа го сочинува вкупното население во земјата. Во сето тоа е и население коешто е надвор од земјата над 12 месеци, којашто беше една од дефинициите за пропаста на пописот во 2011 година, односно население коешто не влегува во вкупното население на земјата во попис. Тоа население се попишува над 12 месеци надвор од земјата во земјата каде што престојува. Ние согласно со Законот за странци ги опфаќаме сите странци во земјата коишто се над 12 месеци. И нашите државјани коишто се наоѓаат надвор од земјава, над 12 месеци влегуваат во земјата каде што се наоѓаат на работа, школување или по било кој основ. Оттука со овие вкрстени податоци произлегува дека граѓанинот може да биде опфатен еднаш и само еднаш.

Што ако по проценките на Светска банка, 600.000 државјани на Република Македонија коишто се иселени се попишат и во странство и во земјава? Или се попишат во поедини населени места? Или се попишат во поедини општини? Оттука се наметнува прашањето на етничка припадност, опфатност и неопфатност, примена во попис или не. А да не зборуваме за тоа колку државјани во Македонија се со двојно државјанство. Оттука е и прашањето зошто секогаш повеќе државјани на Република Македонија има во Избирачкиот список, отколку што се присутни во земјата.

Но, мора да се нагласи дека е направен чекор напред во Избирачкиот список со вкрстување на податоците како што сакаме да направиме и со пописот. Да се направат согледувања и анализи меѓу надлежните институции. Затоа е многу важно прашањето за функционирањето на институциите во државата. Со меѓусебна соработка, вкрстување на податоци, со нивното стручно и експертско согледување, водење на регистри и евиденции за да се дојде до расчистување на овие проблеми.

Факт е дека нема што нема во Избирачкиот список и кои се проблеми се внатре, но функцијата на избирачкиот список и пописот се далеку одвоени еден од друг. И по законски основ со вкрстување на податоци може да се направи одредена паралела, но тие сепак остануваат одделени.

Маја Ивановска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети


Прочитајте повеќе:
Дали Македонија е подготвена за попис?
Нè очекува ли успешен попис во 2020 година?
Герасимовски: Интересот на државата пред сè!
Законот за попис треба да се донесе преку јавна дебата.
Ако има политичка волја ќе има и попис!


Утре ќе читате: Може ли вкрстувањето на податоци да доведе до хаос со пописот, како што беше случај со Избирачкиот список?

 


Преземање на содржините е ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

 

Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ