• Latest
фото: Скриншот/Фејсбук

ГЕРБ се сомнева во позитивниот тест на Минчев: Дали Радев го повлече Петков за уши за посетата на Скопје?

January 13, 2022

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ГЕРБ се сомнева во позитивниот тест на Минчев: Дали Радев го повлече Петков за уши за посетата на Скопје?

January 13, 2022 15:24
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
фото: Скриншот/Фејсбук

фото: Скриншот/Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Многу е важен моментот дали ПЦР тестот претседателот на бугарското Народно Собрание Никола Минчев го направил пред или по маратонската седница на Консултативниот совет за национална безбедност, посочуваат од бугарската опозиција, бидејќи откако тој соопшти дека е позитивен на ковид, целиот бугарски државен врв влезе во карантин.

Опозициската партија ГЕРБ денеска изрази сомневање и покрај тоа што Минчев ПЦР тестот го објави јавно на Фејсбук уште вчера, откако тоа го побара лидерот на Преродба Костадин Костадинов.

ГЕРБ се уште се сомнева и инсистира Минчев да каже каде и од која лабораторија му е направен ПЦР зошто поради него сите 28 учесници на седницата на Консултативниот совет кај претседателот Румен Радев на тема членството на Република Северна Македонија во ЕУ во понеделникот се ставени во карантин.

Според поранешниот министер за здравство Костадин Ангелов од ГЕРБ, има низа несовпаѓања меѓу достапните информации и роковите во кои може да се направи корона тестот.

Ангелов коментира дека има две можности – или тестот е направен по Консултативниот совет за национална безбедност (КСНБ), но тој смета дека ПЦР не може да излезе за толку брзо време и обично се чека по два часа, или тестот бил направен пред седницата на Советот.

„Ако тестот бил направен пред КСНБ, тој имал симптоми пред седницата и неговото појавување на Советот е неодговорно однесување“, рече тој.

Според Ангелов, позитивниот тест на Никола Минчев можеби е поврзан со планираната посета на премиерот Кирил Петков на Северна Македонија на 18 јануари, која беше одложена поради карантинот на Петков.

„Ова беше спасоносен потег за бугарската влада и за премиерот Петков, бидејќи во спротивно немаше да може да го исполни она што го декларираше од говорницата на Народното собрание. На крајот претседателот го повлече за уши премиерот Петков на Консултативниот совет“, рече Ангелов.

Вчера лидерот на Преродба Костадин Костадинов реагираше до Минчев и му најави дека кога ќе излезе од карантин ќе му побара јавно одговори на неколку прашања меѓу кои е и клучното, имал симптоми, се тестирал и заминал на седницата на Советот по што сите членови ги ставил во опасност.

Извор: Слободен печат

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ