• Latest

Герберих: Потребна е заедничка соработка за европска иднина

September 25, 2019
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Герберих: Потребна е заедничка соработка за европска иднина

Вашите проекти и конференции секогаш давале одличен придонес со години во насока на зближување на владините службеници и граѓанското општество да работат заедно за европска иднина и за промовирање на европски вредности во Северна Македонија, изјави амбасадорот Герберих на Конференцијата за изборни реформи

September 25, 2019 12:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Н.Е. Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, во своето воведно обраќање на Конференцијата за изборни реформи: Перспективите на македонски избори, изјави дека е крајно време нашето општество да се обедини и тесно да соработуваат сите етникуми со цел да се надминат поделеностите.

Го пренесуваме говорот на амбасадорот Герберих во целост:

Ви благодарам многу што ме поканивте на вашата конференција за изборни перспективи во Република Северна Македонија.

Би ја искористил оваа прилика да изразам искрена благодарност до ЦИВИЛ за сите активности и проекти што ги имаат досега спроведено.

Германија отсекогаш била доверлив партнер на вашата организација во однос на финансирањето на проекти, како и во однос на политичката поддршка. Би сакал да се заблагодарам на ЦИВИЛ за нивната неуморна работа и за сите напори.

Вашите проекти и конференции секогаш давале одличен придонес со години во насока на зближување на владините службеници и граѓанското општество да работат заедно за европска иднина и за промовирање на европски вредности во Северна Македонија.

Утре (26/9/2019) германскиот парламент, Будестагот, ќе донесе одлука за гласањето за почеток на преговори за ЕУ членство на Северна Македонија и Албанија во Советот на ЕУ во октомври.

Јас сум секако оптимист дека одлуката ќе биде позитивна. А потоа сите ја чекаме одлуката на Советот на ЕУ, а јас останувам повеќе од оптимистичен дека ќе има јасна одлука за започнување разговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

И покрај сите тешкотии и недостатоци што сé уште постојат, Северна Македонија создаде успешна приказна на Западен Балкан, особено во однос на зближување на регионот. Северна Македонија моментално нема проблеми со своите соседи. Северна Македонија направи голема разлика во историската димензија со Преспанскиот Договор. Тоа треба да претставува пример за целиот регион.

Но, покрај успехот на надворешната политика, сега е битно понатаму да се продлабочи процесот на реформи и да се спроведат реформските закони претходно донесени од  Парламентот, вклучувајќи ги, исто така, гласовите на опозицијата.

Овие напори треба да се засилат и да дадат опипливи резултати за секој граѓанин. И овие напори мора да ја вклучат реформата на изборниот систем.

За таа цел, општеството – ова се однесува и на сите делови од вашето општество, вклучувајќи ги сите етникуми – мора да се обедини и сите тесно да работат заедно за да се надмине сé уште постоечката, а понекогаш и зголемена, поделеност на општеството. Тука би сакал да оддадам почит на улогата на претседателот Пендаровски, чие мото секогаш е дека е тој претседател за сите.

Конкретните теми за кои ќе зборувате денес на вашата конференција се исто така централни делови на процесот на ЕУ интеграција во облик на повеќестрана поддршка од тие институции, како и очекувања за напредок кон пристапувањето.

Како активна членка на ЕУ и близок сосед на овој регион, Германија сите овие прашања ги направи приоритет во својата надворешна и безбедносна политика. Фактот што самата канцеларка Меркел ги промовираше во рамките на посебната рамка на Берлинскиот процес, претставува јасен доказ за тоа.

Поддржувањето напори како оваа конференција е конзистентно со пошироката посветеност на Германија кон регионот и кон европското партнерство. Ве охрабрувам сите максимално да ги искористите можностите и предизвиците во ова критично време што следува а и понатаму.

Не сакам да навлегувам во детали за реформата на изборниот систем – знам за дискусиите за менување на постоечкиот изборен модел, кој се базира на поделба на земјата во шест единици – за ова со нетрпение го очекувам вашето мислење и добиените заклучоци од вашата конференција и на сите ви посакувам пријатен и забавен ден.

Б. Ј.

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ