„Па нека биде референдум, што е ова? Уште ќе страдаме без пари? Кој има пари, кој нема пари. Треба да има работа за сите. Сите лажат! Европа не осигурува, Европа ни помага…“, вели една граѓанка на Гевгелија на прашањето на ЦИВИЛ Медиа за тоа кој е ставот на граѓаните за претстојниот референдум.
Ставовите на гевгеличанки и гевгеличани се најразлични од „Бојкотирам“ до „Јас сум за! Да видиме нешто друго, доста беа овие 11 години…“.
„Нека биде како ќе реши народот. Секој си има свое право“, „Нека биде сè како што треба, друго не знам“, „Мислам дека патот наш е таму, да води кон Европа“, „Секој за себе, како мисли дека е подобро, нека одлучи!“ и „Немам став“, се дел од одговорите на гевгеличанки и гевгеличани.
Маја Ивановска
Камера: Горан Наумовски
Фотографија: Ивана Рамаданова
Монтажа: Бунјамин Камбери